Моќни цитати за самотијата што ќе ве натераат да размислите

Моќни цитати за самотијата што ќе ве натераат да размислите

Самотијата и осаменоста често се многу слични однадвор, но единственото заедничко нешто им е всушност состојбата на физичка осаменост. Самотијата и осаменоста се многу разни искуства. Додека самотијата е избор, осаменоста е наметната од другите.

Самотијата е желба да бидете сами и да уживате во вашето друштво. Осаменоста е чувство на изолација и дека нешто или некој недостасува. Голем број луѓе низ целата историја ги создале нивните најдобри дела во самотија. Всушност, таа им била потребна. Па, погледнете некои неверојатни мисли за самотијата од нивните искуства.

„Сите мизерии на човекот потекнуваат од неспособноста да седи сам во соба, тивко.“ – Блез Паскал

„Оној кој ужива во самотијата е или див ѕвер или Бог.“ – Аристотел

„Најдоброто размислување се одвива во самотија.“ – Томас А. Едисон

„Без самотија не е возможна никаква сериозна работа.“ – Пабло Пикасо

„Ако сте осамени кога сте сами, тогаш сте во лошо друштво.“ – Жан-Пол Сартр

„Никогаш не сум помалку сам отколку кога сум сам.“ – Цицерон

„Самотијата ми беше единствена утеха – длабока мрачна, самотија како смрт.“ – Мери Шели

„Човек може да добива наредби од општеството, но човекот добива инспирација само во самотија.“ – Гери Марк Гилмор

„Пишувањето е целосна самотија, спуштање во најдлабокиот дел од себе.“ – Франц Кафка

„Колку прекрасно изненадување е конечно да откриете дека не сте осамени кога сте сами.“ – Елен Бурстин

„Пишувањето писма е единствената направа за комбинирање на самотијата со добро друштво.“ – Лорд Бајрон

„Разговорот го збогатува разбирањето, но самотијата е школо на генијалците.“ – Едвард Гибон

„Тогаш го буди бескрајното чувство, што толку се чувствува кај самотијата, кога сме најмалку сами.“ – Лорд Бајрон

„Колку помоќен и пооригинален е умот, толку повеќе ќе се движи кон религијата на самотијата.“ – Олдос Хаксли

„Сакам да бидам сам. Никогаш не сум нашол подруштвено друштво од самотијата.“ – Хенри Дејвид Торо

„Кога не можеме да поднесеме да бидеме сами, тоа значи дека не го цениме правилно единственото друштво што ќе го имаме од раѓањето до смртта – самите ние.“ – Еда ЛеШан

„Талентот се храни во самотија… Создавањето на нешто важно може да се случи само ако авторот се изолира, тоа е дете на самотијата.“ – Јохан Волфганг Вон Гете

„Секој вид креативна работа бара самотија, а да бидете сами, конструктивно сами, е предуслов за секоја фаза од креативниот процес.“ – Барбара Пауел

„Всушност, живееме во свет прегладнат за самотија, тишина и приватност, а поради тоа прегладнат и за медитација и за вистинско пријателство.“ – К. С. Луис

„Да го поминете животот и никогаш да не ја искусите самотијата значи никогаш да не се запознаете. Никогаш да не се запознаете значи никогаш да не знаете никого.“ – Џозеф Круч

„Ако не ја сака самотијата, нема да ја сака слободата, бидејќи само кога е сам е вистински слободен.“ – Артур Шопенхауер

„Дозволете ми да ви го кажам ова: Ако запознаете самотник, без разлика што ќе ви каже, не е тоа што е бидејќи ужива во самотијата. Тоа е бидејќи се обидел да се вклопи во светот претходно, но луѓето продолжиле да го разочаруваат.“ – Џоди Пикулт

„Јазикот добро ги знае двете страни на тоа да се биде сам. Го создал зборот осаменост за да ја опише болката од тоа да бидете сами. И го создал зборот самотија за да ја опише убавината на тоа да бидете сами.“

„Сметам дека е исполнувачко да се биде сам поголемиот дел од времето. Да се биде во друштво, дури и со најдобрите, брзо станува уморувачко. Сакам да бидам сам. Никогаш не најдов партнер што беше толку добар пар за мене како осаменоста.“ – Хенри Дејвид Туро

„Всушност, сите креативни луѓе, и сигурно повеќето генијалци, преферирале да бидат сами на подолги периоди, особено кога ги создавале нивните најдобри дела.“ – Раж Персауд

„Умот е поостар и подобар во непрекината самотија. Оригиналноста созрева на место ослободено од надворешното влијание кое го парализира креативниот ум. Бидете сами – тоа е тајната за создавање. Бидете сами – тогаш се раѓаат идеите.“ – Никола Тесла

„Во светот е лесно да живеете според мислењето на светот, во самотијата е лесно да живеете според вашето, но најголем човек е оној кој сред гужва ја задржува независноста на самотијата.“ – Ралф Валдо Емерсон

„Самотијата ја гледам како што некои луѓе го гледаат благословот во црква. Тоа е светлината во мене. Никогаш не ја затворам вратата зад мене без да бидам свесен дека си правам добрина.“ – Питер Хог

„Сега, повеќе од секогаш, ни е потребна нашата самотија. Кога сме сами имаме моќ да го регулираме и прилагодиме нашиот живот. Може да нè научи на способноста да ги задоволиме нашите потреби. Како обновувач на енергија, смиреноста од самотијата ни го дава потребниот одмор.“ – Доктор Естер Бучхолз

„Луѓето на кои им требаат луѓе чувствуваат закана од оние на кои не им се потребни. Идејата да се бара задоволство во самотијата е ерес за општество кое тврди дека нашата исполнетост лежи во другите.“ – Лајонел Фишер

„Бев човек кој живееше од самотија. Без неа бев како човек без храна или вода. Секој ден без самотија ме ослабуваше. Не се гордеев на мојата самотија, но зависев од неа. Темницата на собата ми беше како сончева светлина.“ – Чарлс Буковски

Дознајте што се случува кога уживате во вашата самотија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар