11 смешни канцелариски правила кои ги вовеле некои компании во странство

11 смешни канцелариски правила кои ги вовеле некои компании во странство

Во прилог е листа од 11 правила на однесување на вработените во некои компании во странство кои не се само смешни, туку и чудни и вознемирувачки.

Едно од најинтригантните канцелариски правила е точното дешифрирање на тоа што значи деловниот начин на облекување. Но, канцелариските правила одат многу подалеку од одредувањето на начинот на облекување на вработените. Во некои случаи, компаниите се обидувале да ја регулираат и исхраната на вработените, нивниот говор и многу други нешта. Читајте понатаму и дознајте за некои смешни и чудни канцелариски правила што всушност постојат.

1. Дозволено е да имате оброк само заедно со колегите

Ова незгодно правило не само што ги обврзувало вработените да јадат заедно за време на паузата од еден час, туку и оброкот морал да се одвива во канцеларијата. Според вработените иако целта на ова правило била добра (да ги поврзе вработените), сепак тоа било доста непријатно искуство за нив. И тука не е крајот, работодавецот инсистирал вработените за време на ручекот да не ја напуштат канцеларијата. Поради тоа вработените почнале да го прескокнуваат ручекот и да јадат кога ќе се вратат дома.

2. Танцување на работа

Притисокот од соработниците во канцеларијата е еден од незгодните извори на стрес на работното место. Но, сопственикот на една компанија притисокот врз соработниците го однел на ново ниво и од него направил правило! Тој ги замолувал вработените во компанијата која работела со телефонски повици, да паузираат со својата работа пет минути во текот на денот. Им пуштал музика и барал од нив да танцуваат. Но, наместо ова правило да стане ритуал за поврзување меѓу вработените, тоа станало вознемирувачко со текот на времето. Можеби неговата примена им годела на екстровертите, но за интровертите тоа било целосен кошмар.

3. Временски ограничени паузи за користење на тоалетот

Вакво правило било воведено во Норвешка каде алармен систем му сигнализирал на одговорното лице, доколку некој вработен се задржи премногу долго во тоалет. Во друга компанија вработените пополнувале листа на посети во WC-то, а во трета имало електронски систем со картички за посета на тоалетот.

4. Во лифтовите е дозволено само групно возење!

Одржливоста е важна за компаниите, но треба да се внимава да не се отиде предалеку. Во некои компании постои правило дека лифтот може да се користи само доколку во него се качат најмалку четири лица. А, најлош бил фактот што лифтот бил стаклен и можело точно да се види колку лица го користат истовремено.

5. Купување крофни при задоцнување на работа

Одговорното лице во една компанија барало од вработените да купат крофни за сите во канцеларијата доколку задоцнат на работа. Тоа, наместо да ги мотивира, ги натерало вработените уште повеќе да доцнат.

Прочитајте ги останатите правила на другата страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар