11 смешни канцелариски правила кои ги вовеле некои компании во странство - Part 2

11 смешни канцелариски правила кои ги вовеле некои компании во странство

6. Нема пиење попладневно кафе!

Менаџерот во една компанија сметал дека вработените не треба да пијат кафе пред да си одат дома, па ги затворал кафематите во 15 часот. Во друга компанија, вработените не смееле да пијат напитоци со кофеин, затоа што тој придонесувал тие да не се трудат доволно на работното место. Но, пиењето кафе сигурно не е знак на непрофесионализам!

7. Забрането е јадењето лук!

Претседателот на една компанија не бил љубител на лук, па ја забранил употребата на лук во кафетеријата каде што се хранеле вработените.

8. Не ставајте млеко во вашите житарки!

Во една друга компанија правилото гласело дека вработените не смеат да го користат млекото купено од компанијата за да ги натопат своите житарки. Млекото било предвидено само во комбинациите со кафе или чај.

9. Не се дозволени роденденски прослави!

Еден шеф во американска компанија ги забранил роденденските прослави, торти и честитки во канцеларијата. Но, веројатно не ги знаел правилата за тоа како да се биде добар шеф.

10. Нема седење на работното место!

Во една јапонска компанија за производство на пластика на вработените не им било дозволено да седат за време на работата бидејќи седењето влијаело на продуктивноста. Затоа вработените имале компјутерски работни станици на кои само стоеле.

11. Без мириси!

По тужбата од една вработена која добила алергија од туѓ парфем на работното место, една американска компанија ја забранила нивната употреба. Но, не биле забранети само јаките парфеми, туку и користењето на каков било мирис.

Прочитајте и за 9-те тешки работни места што ќе направат вашата канцеларија да изгледа како рај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар