10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

Има илјадници животни кои егзистираат под големите слоеви мраз на Арктикот. Некои од нив изгледаат многу чудно и морничаво, што дури може да се поистоветат со вонземски суштества. Други се микроскопски, односно не се видливи со голо око. Едно е сигурно, какви и да се, живеат многу далеку од нас, во прилично сурови животни средини, па освен на фотографија не можеме да ги видиме на друг начин.

Националната агенција за океански и атмосферски истражувања направи експедиција во Канадскиот базен, собирајќи информации за промените на глобалната клима и се врати со следниве фотографии:
.

1. Crossota

Оваа брилијантна мала медуза целиот свој живот го поминува како воден планктон.10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

2. Eusirus holmii

Овој вид спаѓа во групата на раковидни животни без оклоп и е најден на 2.000 метри длабочина, како и под површината на мразот.10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

3. Hymenodora glacialis

Овие убавици се единствените пеларгични морски ракчиња кои живеат во Канадскиот базен.10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

4. Copoped

Овој машки вид раковидно животинче (copepod=нозе во форма на лопатка) е познат по својата екстра долга опашка и големите антени. Машките видови немаат голем животен век.10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

5. Морска ѕвезда

Прекрасна морска ѕвезда извадена од дното на морето. Тие се клучни видови и имаат огромен ефект врз околината и екологијата. Секако ќе ја споменеме и нивната способност за регенерација.10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

6. Amphipod (раковидни животни)

Ова е сè уште непознат вид ракче кое е фатено на 1.000 метри длабочина.10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

7. Мекотелци

Овие школки-бивалвии потекнуваат од дното на океанот, а можат да се извадат со помош на дупчалките кои бушат директно во дното на океанот.10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

8. Cione

Овој вид спаѓа во групата на морски мекотелци и се нарекува морска пеперутка. Опстојува на површината на водата.10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

9. Larvacean

На оваа фотографија е прикажан непознат вид од редот на туникати (мантиести животни), кои претставуваат планктонски видови.10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз

10. Aulococtena

Овие видови живеат на длабочина 350-1.000 метри и се со големина и боја на портокал. Имаат и две лигави пипци кои се забележуваат на сликата.10 неверојатни фотографии од животни скриени под Арктичкиот мраз
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Smileforever Reply

    Лигавооо :Ѕ

Напиши одговор на Smileforever Откажи одговор