10 интересни сознанија поврзани со соновите

10 интересни сознанија поврзани со соновите

Автор: Моника Трајковска

Соновите се составени од слики, идеи и чувства кои се јавуваат неволно во мозокот за време на РЕМ фазата од спиењето. Тие знаат да нѐ збунуваат, да нѐ фасцинираат или да нѐ преокупираат. Некогаш дури и нѐ преплашуваат. Друг пат се толку забавни, што ни е криво што сме се разбудиле. Која е причината и смислата на сонувањето сѐ уште не е доволно јасно. Тоа е долгогодишна тема на дебата во психологијата, филозофијата и религијата. Но и покрај нивната мистериозност, има неколку проверени факти за сонувањето и за она што се случува со нашето тело додека спиеме, кои е интересно да се знаат.10 интересни сознанија поврзани со соновите

1. Додека спиеме сме парализирани

Верувале или не, додека спиеме сме целосно парализирани. Се претпоставува дека ова се случува заради заштита на телото. Доколку не би биле парализирани, би можеле да почнеме да го правиме она што се случува во нашиот сон. Еден вид нарушување на оваа состојба е месечарењето. Оние кои месечарат за време на сонот стануваат, шетаат по домот, дури во некои ситуации можат да направат нормален разговор со некој кој ќе им се најде на патот, без тој да забележи дека разговара со личност која спие. Наредниот ден кога ќе се разбудат, тие не се сеќаваат воопшто на својата мини авантура во текот на вечерта.

2. Надворешните дразби влијаат врз нашите соништа

На сите ни се случило да сонуваме како ни ѕвони мобилниот. И покрај тоа што се обидуваме да се јавиме, тој нѐ прекинува да ѕвони бидејќи звукот доаѓа од реалноста. Истото се случува и кога некој пробува да нѐ разбуди – ние ја сонуваме токму таа личност како нѐ повикува и во сонот. Или пак кога треба рано да станеме ѕвонењето на алармот го слушаме во сонот и го исклучуваме спонтано во реалноста, а подоцна не се сеќаваме на тоа. Но не се само звуците оние кои успеваат да се пробијат до нашите соништа. Се случува да сонуваме дека сме многу жедни или гладни и наеднаш успеваме да најдеме вода или многу вкусна храна, но и покрај сѐ, ние не успеваме да ги задоволиме тие потреби бидејќи се дел од нашата реалност.10 интересни сознанија поврзани со соновите

3. Оние кои пробуваат да се откажат од цигарите, имаат поживи соништа

Долгогодишните пушачи кои одеднаш прекинуваат да пушат, имаат мала промена во нивните соништа. Тие почнуваат да сонуваат поживи соништа проследени со поинтензивни чувства. Исто така, тие барем еднаш во месецот сонуваат како палат цигара и откако ќе се разбудат чувствуваат огромна грижа на совест, исто како тоа да се случило во реалноста.10 интересни сознанија поврзани со соновите

4. Соновите прикажуваат поинаква слика за реалноста

Ако сонувате конкретно некој предмет, најчесто тој не е вистинската причината за вашиот сон. Несвесното пробува симболично да го спореди сонот со нешто слично и на тој начин ве приближува до вистинското значење. Тоа е исто како да пишувате текст за група мравки, во кој велите дека се машини кои никогаш не запираат. Соновите со своите содржини се таинствени и мистериозни и потребно е да имате големо познавање за себе, за да можете да го дешифрирате нивното значење и да ја откриете симболиката која ја затскриваат.10 интересни сознанија поврзани со соновите

5. Не сонуваат сите луѓе во боја

12% од луѓето сонуваат само во црно-бела варијанта, а останатите скоро секогаш сонуваат во боја. Има неколку сонови кои се јавуваат многу често и кај голем број луѓе, како настан во училиште, бегање од некој/нешто, неуспешен обид за трчање кој изгледа како забавено движење, сексуални искуства, паѓање од големи височини, летање, доцнење, паѓање заб, неуспешност на испит или автомобилска несреќа. Оние кои сонуваат некој интензивен сон во црно-бела варијанта, најчесто по будењето имаат послаба реакција, од оние кои сонуваат во боја.10 интересни сознанија поврзани со соновите

6. Го сонуваме само тоа што го знаеме

Во  соништата честопати се случува да ни се појават непознати луѓе. Меѓутоа тие воопшто не се непознати за нашиот мозок. Голем број од луѓето кои секојдневно ги сретнувате во продавница, на бензинска станица или пак во дискотека, остануваат запаметени и покрај тоа што вие не сте свесни за нив. Злобниот убиец кој ве бркал во претходниот сон, можеби е мажот од бензинската станица, кој му ставил бензин еднаш на татко ви, кога сте биле дете. Поради тоа што секојдневно се сретнуваме со голем број луѓе, нашиот мозок има неограничени лица за употреба во соновите.10 интересни сознанија поврзани со соновите

7. Соновите ја спречуваат психозата

Во неодамнешно истражување за спиењето и сонувањето, студентите кои биле будени на почетокот на секоја РЕМ фаза (фаза во која започнува сонувањето), но биле оставени да спијат 8 часови во текот на вечерта, имале помала концентрација, раздразливост, халуцинации и знаци на психоза по само 3 дена. Кога конечно им се дозволило без прекин да спијат и да сонуваат, нивниот мозок го надоместил изгубеното време, со значително зголемување на должината на РЕМ фазата.10 интересни сознанија поврзани со соновите

8. Сите сонуваме

Сите луѓе сонуваат (освен оние кои имаат потешки психолошки нарушувања кои се манифестираат со неспособност за сонување). Но, постојат разлики помеѓу соновите на мажите и жените, како и помеѓу нивните физички реакции на самиот сон. Мажите почесто сонуваат други мажи, повеќе непознати, сцени со коли или насилство, секс со непознати партнерки… Од друга страна пак, жените сонуваат подеднакво и мажи и жени, повеќе личности од фамилијата отколку непознати, имаат појаки чувства, подолго траење на самиот сон…

9. 90% од соништата се забораваат

Во првите 5 минути по будењето, веќе сме заборавиле 50% од сонот. Во наредните 10 минути 90% од сонот е целосно заборавен. Интересен пример за заборавањето на соништата е случката на поетот Семјуел Тејлор Колриџ, кој кога се разбудил после прекрасен сон едно утро, веднаш земал лист хартија и почнал да пишува поема наречена „Визија во сонот“. На пола поема тој бил прекинат и подоцна кога се вратил не можел да се сети на остатокот, па поемата останала недовршена.10 интересни сознанија поврзани со соновите

10. И слепите сонуваат

Оние кои со текот на времето ослепуваат, сѐ уште продолжуваат да гледаат во своите соништа. Луѓето кои се родени слепи имаат малку поинаков начин на сонување. Нивните соништа не се воопшто помалку интензивни од оние кои гледаат, но наместо од слики тие се составени од звуци, миризби, допири и емоции. На мозокот му е тешко да создаде нешто што претходно не го искусил на некој начин, но тоа не го спречува да се адаптира на ситуацијата.10 интересни сознанија поврзани со соновите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Интересно. А како да знам дали сонувам во боја или не? х)

    • kiki Reply

      Пробај да се сетиш 🙂

Напиши одговор на kiki Откажи одговор