Најдобрите 15 смартфони во светот

Најдобрите 15 смартфони во светот

Смартфоните се телефони кои можат да ја земат титулата за најкористени електронски уреди во последната декада на 21-от век. Помеѓу разните и бројни фирми кои се занимаваат со нивно производство можат да се издвојат неколку кои важат за најдобри во бизнисот. Во продолжение прочитајте за кои паметни телефони станува збор, но малку почекајте со купувањето, бидејќи се најавени неколку нови модели кои треба да пристигнат на пазарот кон крајот на месецот.


15. Moto G, цена: 165 евра

Најдобрите 15 смартфони во светот

Ако барате не толку скап уред кој функционира на Андроид, тогаш би требало да дознаете нешто повеќе за Moto G. Можеби не е најмоќниот телефон на пазарот, но е доволно добар за секој корисник кој бара просечни перформанси.

14. HTC One A9, цена: 414 евра

Најдобрите 15 смартфони во светот

Можеби на прв поглед изгледа како iPhone, но HTC One A9 има сосема поинаков софтвер. Последниот уред од HTC има премиум хардвер дизајн и минимални промени на Андроид системот. Сѐ на сѐ, телефонот нуди одлично искуство.

13. HTC One M9, цена: 386 евра

Најдобрите 15 смартфони во светот

HTC One M9 има солиден дизајн, но не претставува нешто повеќе од тоа. При крајот на месец март, HTC ќе го лансира и новиот One M10 за кој се претпоставува дека ќе има многу подобри карактеристики.

12. iPhone 6 Plus, цена: 597 евра

Најдобрите 15 смартфони во светот

iPhone 6 Plus е сѐ уште еден од подобрите големи телефони на пазарот. Го нуди скоро истото искуство како новиот iPhone 6S Plus, а со неговото купување заштедувате 100-тина евра.

11. iPhone 6, цена: 530 евра

Најдобрите 15 смартфони во светот

iPhone 6 е можеби лански модел, но сѐ уште претставува добра опција ако сакате да заштедите малку пари, а сепак да купите iPhone.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. SAm Reply

    Hahaha
    Nemas veza
    Kade ti se Samsung Galaxy s6 i s6 edge ili pak S5??

Остави коментар