Правилна нега на косата: 4 совети за сјајна коса без испукани врвови

Со помош на овие мали промени во вашето секојдневно одржување на косата, вие можете да добиете неверојатни резултати. Здравата и прекрасна коса нè прави позадоволни, посамоуверени и попожелни. Таа не е само нашиот украс, туку е и показател на сè она што се наоѓа во нашето тело и душа. По косата можете да заклучите во каква состојба е организмот, како и какво е нечие расположение. Па, доколку сакате таа да изгледа онака како што вие сакате, мора да го промените својот однос кон неа и да ѝ посветите повеќе време. Погледнете што треба да направите…

Правилна нега на косата: 4 совети за сјајна коса без испукани врвови

1. Сушење без фен

Што се однесува до сушењето, фенот ја гори косата, ја уништува и ја прави безживотна. Тоа е последица од топлиот воздух кој ги уништува кератинските врските во влакната, смалувајќи ја способноста на косата да ја задржи својата влажност. Затоа оставете ја сама да се исуши или нежно впијте ја влажноста од косата со пешкир.

2. Справување со опаѓањето на косата

Иако сите луѓе се изложени на ризик од опаѓање на косата, експертите сметаат дека од 50 до 80 паднати влакна на ден, па можеби дури и 100, воопшто не треба да ве загрижува. Косата природно се регенерира, додека старите влакна испаѓаат и прават место за нови. Ова особено се забележува за време на есента и пролетта. Паѓањето на косата можете да го спречите со правилна нега, соодветна исхрана и водење здрав живот. Еве неколку брзи ефикасни совети кои дополнително можат да ви помогнат:

  • Пред миењето добро исчешлајте ја со цел да ја отстраните нечистотијата и мрснотијата од прамените.
  • За миење на косата, користете исклучиво млака вода.
  • Користете шампони кои се на растителна база.
  • Шампонот нанесете го со нежно масирање на кожата на главата, со врвот на вашите прсти.
  • Внесувајте ги најважните состојки за косата – витамин Ц, биотин, белковини, цинк и железо.

3. Вашата коса обожава коприва

Копривата е огромна козметичка ѕвезда, на која секогаш можете да се потпрете при грижа за убавината на кожата и косата. Токму затоа мијте ја вашата коса со чај од коприва колку што е можно почесто. Резултатите се видливи за само неколку недели. Копривата ја зајакнува, храни и ја негува косата, го спречува нејзиното паѓање и делува против првутот.

4. Детоксикација со зелена глина

Зелената глина е делотворна за детоксикација на косата и темето. Таа исто така ја прави вашата коса да изгледа полна и сјајна. Сè што ви е потребно за да ја направите оваа маската се 5,6 лажици глина, 1 лажица базно масло, вода и 5-6 капки етерично масло. Измешајте ги сите состојки така што ќе добиете ретка паста, нанесете ја по целата должина на косата и масирајте 5 минути. Оставете ја смесата да делува барем 1 час, а потоа измијте ја на вообичаен начин.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар