5 големи лаги кои ве спречуваат да најдете вистинска љубов

5 големи лаги кои ве спречуваат да најдете вистинска љубов

Без разлика за какви лаги станува збор, јасно е дека никој не ужива во нив и токму затоа искреноста денес се смета за една од најпожелните особини. Таа е особено значајна во врските бидејќи секој однос би требало да се заснова на искреност. Имајќи го тоа на ум, често кога треба самите да си ја кажеме вистината, ние не се држиме до тие правила. Токму тоа создава незадоволство во врската, па дури и одржување на сингл статус. Погледнете ги следниве 5 лаги кои многумина си ги кажуваат и од кои треба веднаш да се ослободите доколку сакате да пронајдете вистинска љубов.

5 големи лаги кои ве спречуваат да најдете вистинска љубов

1. Љубовта е за сите освен за мене

Дури и да не си ги кажувате овие зборови, тие сепак се наоѓаат длабоко во вас и вашите мисли и можат да предизвикаат постојан страв од врски и заљубување. Во тој случај чувството на дистанцирање може да почне да владее со вашиот живот. Па, наместо да си ја говорите оваа лага, престанете да се уверувате во нешто ирационално, кое се наоѓа помеѓу самите факти и вашиот страв. Едноставно ослободете се и дозволете ѝ на онаа личност која вистински ви се допаѓа полека да ви се приближи.

2. Не заслужувам подобро

Оваа лага, слично како претходната, може да ве спречи да го запознаете потенцијалниот партнер или да ве држи заглавени во неквалитетна врска. Оние кои веруваат во оваа лага, истовремено и се омаловажуваат себеси и токму затоа може да создаде незадоволство и депресија. Кога ќе размислите подобро, оваа лага е навистина многу лоша – како очекувате некој да ве сака и почитува, кога вие не верувате во себе? Ако имате лошо мислење за себе или едноставно недостаток на самодоверба, размислете за разговор со психолог или друго стручно лице кое ќе ви помогне да се изборите со овој проблем.

3. Знам дека оваа врска не е одлична, но подобро е отколку да сум сам/а

Луѓето често се уверуваат дека не е лошо да се биде во врска која не ги исполнува, барем додека не ја најдат вистинската личност за нив. Но, тоа е голема грешка која може само дополнително да ви наштети во животот. Постои ризик толку многу да се врзете и навикнете на погрешната личност, што би можеле со години да останете во неквалитетна врска. Исто така, поради оваа личност вие можеби ја пропуштате и вистинската.

4. Тоа мора да биде љубов на прв поглед

Многу луѓе често не се осврнуваат на себе, како и на своите желби и потреби, па токму затоа и не ги знаат основните квалитети кои ги бараат во партнерот. Овие личности често одат на први состаноци држејќи се за нереални критериуми и погрешни очекувања, така што важните одлуки ги донесуваат врз основа на првиот впечаток, хемијата и интуицијата. Но, сите тие се несигурни критериуми кои не можат да бидат јасни и реални. Токму тие се и криви за пропуштање личност која би можела да биде токму совршената за вас…

5. Ако ги игнорирам знаците, можеби нешто ќе се промени

Не. Тоа е далеку од вистината. Ако постојат проблеми во врската, а вие само ги игнорирате, со текот на времето ќе станат толку многу лоши што ќе создадат уште поголема конфузија во вас. Токму одбивањето да се прифатат реални ситуации кои не се добри за вас е сигурен пат до разочарување и тага. Препознавањето и отфрлањето лаги е клучно доколку сакате да успеете во љубовта. Ако си ја кажувате вистината, многу брзо ќе ви се отворат сите врати кои водат до партнер кој навистина ќе ве љуби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар