Што треба да имате предвид пред да купите блендер?

Што треба да имате предвид пред да купите блендер?

Секој од нас добро ги знае сите бенефити кои ги носи блендерот во кујната, па во овој текст воопшто нема да зборуваме како тој стана најнеопходниот апарат во кујната. Денес ќе посветиме малку внимание на карактеристиките и функциите кои секогаш треба да ги имате предвид кога одите да го одберете вашиот најдобар пријател во кујната. За многумина тоа е цената, но кога станува збор за правење правилен избор, цената и не игра толку важна улога, туку сплет од многу поважни фактори кои на крајот носат многу подобар резултат. Можеби навидум на сите ни изгледа дека функцијата на сите блендери е иста, но треба да се има предвид дека разликата во резултатот од еден модел до друг е огромна, особено доколку ви е важно да го извлечете максимумот од состојките кои ги користите. Па да почнеме со ред.

Моќност на мотор: потенцијалот за блендање хомогена текстура

Моќноста на моторот е главната карактеристика на сите електрични апарати, па токму затоа е многу важно да одберете доволно моќен мотор кој ќе испорачува максимални резултати. Моќноста на моторот ги дефинира вртежите кои ги прави блендерот, па токму затоа не брзајте и посветете време да ги споредите бројките за јачина и број на вртежи во минута. Не секогаш блендерот кој ви изгледа најдобро надворешно и кој совршено ќе се вклопи со другите елементи во вашата кујна, ќе испорача совршено смути. Секако, имајте предвид дека моторот не е единствениот фактор кој игра улога за совршено блендање. Многу е важен бројот на ножеви и нивниот квалитет, кои во комбинација со моторот ќе ви овозможат да добиете смути на кое ќе ви позавидат.

Функционалност: за што ќе го употребувате блендерот? Само за меки состојки? Тврди?

Не сите блендери имаат капацитет да ги извршат сите процеси, кои вас ви се потребни. Кога станува збор за блендери, најчестата грешка која многумина ја прават е купување на блендер од понизок ранг, од кој очекуваат дека ќе ги избленда и најтврдите состојки. Ова најчесто резултира со грутчеста текстура, која воопшто не е фина за консумирање, особено доколку станува збор за супа или смути. Пред да одберете блендер, добро размислете за што сакате да го користите. Сакате да правите сладолед од замрзнато овошје? Бебешки кашички? Сакате да смелете јаткасти плодови за правење торти и колачи? Задолжително напоменете ги овие работи на продажниот агент или пак побарајте да ги тестирате овие функции. Тука најголема улога игра опцијата за прилагодување на брзината и острината на сечилата кои треба да се справат со сите состојки подеднакво ефикасно.

Квалитет и гаранција: колку долго можете да го користите блендерот, без да се грижите дека ќе се расипе?

Доколку не сакате да купувате блендер на секои 2 години, квалитетот секогаш треба да ви е во приоритетните фактори при избор на производ. Покрај реномираното и докажано име на брендот на кој му верувате, секогаш треба да ги проверите условите во гаранцијата и да се распрашате за техничката спремност на сервисот кој би бил тука за вас во случај на проблем со уредот. Брендот кој се грижи за своите корисници, секогаш овие две работи ги има доведено до перфекција.

Садови и додатоци: кои ќе ви го олеснат секојдневието

Што треба да имате предвид пред да купите блендер?Садовите на блендерите најчесто се направени од стакло или пластика и варираат во својот волумен, најмногу зависно од целосниот дизајн на продуктот. Без разлика кој материјал го преферирате, внимавајте бокалот да е со поголем капацитет за да може убаво да се блендаат состојките во него, да не пропушта воздух кој во комбинација со моќните вртежи ќе допринесат побрзо да оксидира овошјето и зеленчукот, да не прокапува и лесно да се ракува со него. Препорачливо е да одберете блендер со кој доаѓаат чаши со кој можете да си направите смути за носење, бидејќи најчесто се поквалитетни, а и спаѓаат во цената на производот, па нема да имате дополнителни трошоци отпосле.

Што треба да имате предвид пред да купите блендер?При изборот на нов кујнски апарат ви ги препорачуваме новите Viva и Avance блендери на Philips кои навистина ќе ви ја олеснат потрагата по совршен блендер. Viva блендерот има мотор со моќност од 700W и доаѓа со револуционерната Pro-blend 6 технологија која ослободува повеќе хранливи ресички во вашето смути. Од друга страна Avance моделот има мотор од 1400W кој овозможува 35.000 вртежи во минута, давајќи беспрекорно хомогена текстура. Avance моделот доаѓа со Pro-blend 6 3D технологијата која издвојува повеќе хранливи состојки од овошјето и зеленчукот и кој бленда за 50% подобро смути од своите претходници.

На двата модели вие ја одредувате брзината зависно од тоа дали блендате меки или тврди состојки, со што ја одредувате густината на смутито. Со секој од нив добивате стаклен бокал од 2 литри, во кој има доволно простор состојките убаво да се изблендаат, а дополнително да направите смути за целото семејство. Со Viva моделот добивате една, додека со Avance две чаши за носење, направени од висококвалитетна пластика без BPA супстанци, со кои можете директно да изблендате смути и да го понесете со вас на работа, на вежбање или на прошетка во парк.

Што треба да имате предвид пред да купите блендер?

Подетални информации за блендерите можете да најдете на официјалниот веб-сајт на Philips. Моментално на двата модели има промоции со ограничено времетраење со кои добивате попуст од 20%.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар