Поинаков black friday: dm за првпат организира giving friday!

Поинаков black friday: dm за првпат организира giving friday! Под мотото #givingisthenewblack, донира 5% од остварениот промет на тој ден во хуманитарни цели!

Датум: 28 ное 2019
Тагови:

Речиси на секој од нас му е познат концептот на Black Friday – настан кој потекнува од Америка и нѐ асоцира на полни продавници, големи попусти, чекање во ред, туркања пред вратите на големите продавници…и уште многу други сцени на кои сме сведоци во овој период на социјалните мрежи.

Овој тренд, како и во повеќето земји, од година во година зема сѐ посилен замав и во Македонија. И ние, речиси секоја година, сме сведоци на големите попусти кои продавниците ги подготвуваат специјално за овој ден.

Но, оваа година наидовме на нешто што се разликува од целиот тој концепт и му дава една поинаква, хуманитарна димензија на самиот настан.

Имено, дрогериите на dm во Македонија по овој повод решија да одвојат дел од својот промет и да го донираат во хуманитарни цели. Па така, во петок, 29 ноември 2019 година, во сите dm дрогерии во Македонија, инспирирани од светскиот настан Black Friday, ќе се одржи иницијатива, под мотото Giving Friday, со слоганот #givingisthenewblack.

Поинаков black friday: dm за првпат организира giving friday! Под мотото #givingisthenewblack, донира 5% од остварениот промет на тој ден во хуманитарни цели!

Покрај бројните редовни попусти, оваа година dm го претвора Black Friday во добротворна акција, што ќе резултира со радост и помош онаму каде што е повеќе од потребно. Од вкупниот промет на овој ден во сите дрогерии на dm, 5% ќе бидат донирани на ЈЗУ  Клиничка болница – Штип.

Оваа акција за прв пат беше промовирана минатата година од страна на одредени земји од концернот на dm, со едноставна цел: да се охрабрат луѓето да направат нешто добро. Оваа година акцијата ќе се одржи во сите 13 земји каде што dm е присутен на пазарите, меѓу кои е и Македонија.

На нас ни останува само да кажеме едно големо „Браво“ за ваквата иницијатива и да се надеваме дека во иднина ќе гледаме сѐ повеќе вакви примери на одговорно однесување кон заедницата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар