Запознајте ја Џеси Џеј

Запознајте ја Џеси Џеј

Џесика Елен Корниш, позната како Џеси Џеј е 23-годишна британска R&B, поп рок и соул пејачка, која полека го освои светот со нејзиниот неверојатно моќен глас и уникатна појава. Џеси Џеј плени со својата дрска, но истовремено нежна појава, ангелско-ѓаволски глас, секси рокерска облека, креативно дизајнирани нокти, интересна фризура со рамни шишки и голема самоувереност. Во врска со нејзиниот уникатен стил, таа вели: „Имав обичај да си цртам по моето лице и ја имам боено косата во 15 различни бои. Отсекогаш сум се изразувала себеси преку мојот стил.“ Самата таа има удел но нејзиниот целокупен сценски имиџ и не дозволува некој да ја натера да си ја смени фризурата.Запознајте ја Џеси ЏејИ покрај тоа што Џеси Џеј е нова пејачка на музичкото небо, таа не е тотална нова на поп сцената. Има напишано многу песни за познати музички ѕвезди, како Мајли Сајрус („Party in the USA“), за Џастин Тимберлејк, Кристина Агилера, Бритни Спирс, Крис Браун… Во нејзината биографија таа е опишана: „Помешајте малку од Ријана со Гвен Стефани и додадете ја харизмата на Пинк и ќе почнете да добивате идеја за тоа каков тип девојка е Џеси Џеј.“ Со други зборови, таа е совршен материјал за да биде вистинска музичка икона и МТВ поп-ѕвезда. Во врска со нејзиното пишување песни, Џеси вели: „Јас сум пола артист, пола терапевт“. Татко ù е социјален работник и Џеси смета дека советите кои тој ù ги дава имаат огромно влијание во нејзиното пишување психолошки текстови за песните.

Таа вели дека од поодамна се обидувала да склучи договор со некоја музичка куќа, за да почне да се занимава со пеење, но никој не сакал да ја земе. „Не верувам дека не им се допаѓаше тоа што го правам, но тогаш актуелни во индустријата беа Дафи, Ејми Вајнхаус, Габриела Килми и мислам дека едноставно си ја пропуштив шансата.“ Потоа решила дека треба да отпатува за Америка и таму да си ја проба среќата. Таму успеала да склучи договор со музичката куќа Ајленд Рекордс и да стане она што е денес.

Џеси има две постари сестри кои секогаш биле одлични ученички. За разлика од нив, Џеси има изјавено дека никогаш не била толку добра во нешто. Во училиште, базирајќи се на нејзиното презиме, сите очекувале дека ќе биде исто толку успешна колку нејзините сестри. „Дајте ми нешто да нацртам, да изберам облека за некого, да направам фризура, шминка, да глумам или да напишам песна, со тоа сум сосема ОК, но не нешто што е поврзано со резултати. Таа никогаш не ја базирала нејзината интелигенција на резултатите кои ги имала на тестовите. Секогаш умеела добро да пее и вели дека тоа е „нејзината ствар“. Како и да е, таа била отстранета од училишниот хор, бидејќи била премногу гласна. „Бев во хорот еден ден и некои од родителите почнаа да се бунат дека нивните деца биле вознемирени затоа што сум била премногу добра. Имав 11 години, можете да замислите? Срцето ми се скрши.“Запознајте ја Џеси ЏејЏеси имала нерамномерни отчукувања на срцето уште од 11 години и преживеала мал срцев удар на 18-годишна возраст. Како резултат на тоа, таа не пие и не пуши.

Цеси Џеј е отворена хомосексуалка. Таа признала дека има излегувано и со мажи и со жени, но не гледа причина зошто треба да се крева „галама“ околу тоа. „Не се плашам да кажам дека мене ми е сосема удобно да бидам тоа што сум и да го сакам, оној кој ќе решам да го сакам“.
.

Jessie J – Nobody’s Perfect

Преслушајте ја оваа песна и во акустична варијанта, каде може да се почувствува волшебниот глас на Џеси.
.

Jessie J – Who You Are

Песната „Who You Are“ е најгордото музичко парче на Џеси, за кого вели дека има за цел да им даде позитивен пример на младите луѓе. Погледнете како оваа патриотка со британско знаме нацртано на ноктите, се промовира на Тајм Сквер во Њујорк. (За почеток на песната премотајте до 30-та секунда).


.

Jessie J – Do It Like A Dude

Првиот сингл на Џеси „Do It Like a Dude“ го напишала таа, но не за себе, туку за Ријана. Во тој период популарна била „Rude Boy“ на Ријана, поради што Џеси добила инспириција да ја напише оваа песна. Но, нејзината продукција ù рекла дека песната е неверојатна и треба да ја задржи за себе и да биде нејзина деби-песна. Преслушајте ја и интересната акустична варијанта.


.

Jessie J – Acoustic Price Tag

„Price Tag“ најпрво изгледа како да зборува за неприфаќање на материјализмот, но симболизмот во видео записот ù дава на песната подлабоко значење: музичката индустрија повеќе не е наменета за правење пари, туку настојува да му наметне на светот определени сфаќања, верувања и начини на однесување.


.

Jessie J – Who’s Laughing Now


.

Jessie J – Stand Up


.

Jessie J – Mamma Knows Best

Погледнете како публиката реагира на Џеси Џеј кога таа „грми“ на сцена. 🙂

Првиот и единствен албум на Џеси Џеј „Who You Are“ бил пуштен во продажба во февруари 2011, за кој Џеси признала дека ù биле потребни 6 години за целосно да го комплетира. Во него е вклучена и песната „Big White Room“, која ја има напишано на 10 години, во болница, кога малечко момче кое билo во истата соба со неа, починало.

Посетете го каналот на Јутјуб на Џеси Џеј, кој има над 170.000 следачи и вкупно над 218 милиони посети на видеата.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. heartbeat Reply

    nema podobra,nema pojaka! ja obozhavam <3

  2. Sunshine Reply

    Ja obozavam od ovde do neboto i nadzad..;D..<33

  3. me Reply

    homoseksualka???

Напиши одговор на Кристина Шумадиева Откажи одговор