Талент кој свири на инструмент направен од ПВЦ-цевки
Изведувачот Кент Џенкинс, познат како Snubby J, е новооткриен талент со посебна вештина. Тој сам има изработено инструмент, составен од ПВЦ-цевки кои даваат различен звук. Интересен е начинот на свирење на овој инструмент, бидејќи е сличен како лупање на тапани, но со две големи дрвени лажици. Негова инспирација за оваа креативност е групата „Blue Man“, кои исто така изведуваат точки на сличен инструмент.
Кент беше пријаевен и на шоуто „Америка има талент“, но не успеа да се закити со победа иако тоа што тој го прави е ретко видено. Неговиот канал на Јутјуб досега има 30.000 претплатници, а неговите видеа вкупно се гледани околу 10 милиони пати. Неговото најгледано видео е од средношколска аудиција за таленти, на која тој изведува точка, свирејќи многу познати песни. Некои од нив се: официјалната песна од ТВ серијата„Office“, препознатливите песни од видеоигрите „Тетрис“ и „Супер Марио“, „Bad Romance“ од Лејди Гага, „Crazy Train“ од Ози Озборн и неколку други.
На неговиот канал можат да се најдат и други тематски видеа, каде што свири песни само од еден изведувач.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук
