Деверуши (Bridesmaids)

Деверуши (Bridesmaids)

Филм за тоа како понекогаш ни е полесно да мислиме дека сме жртви и дека целиот свет е против нас иако најчесто самите сме си најголем непријател

Деверуши (Bridesmaids)Режија: Пол Феиг

Улоги: Кристен Виг, Маја Рудолф, Роуз Брн

Времетраење: 125 минути

Јазик: англиски

Премиера: 13 мај 2011

Жанр: комедија

Веб-сајт

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (50 гласа, просек: 8,78 од 10)
Loading...

———————————————————————————————————————————————————————-
Ете, некој се сети да направи и женска верзија на хит-комедијата „Мамурлак“. Не дека тој филм не е подобен за женските очи, но дишеше со машки здив, додека „Деверуши“ го има двојниот Х хромозом и е целосно женски. Но, не разочарувајте. Во приказната нема ниту еден ископиран кадар, едноставно енергијата ќе ве потсети на „Мамурлак“. Пред да почнам да ја ширам приказната, иако не мислам дека некое машко друштво би земало комедија што се вика „Деверуши“, сепак да посочам, мажи не гледајте филмот па дури ни со вашата девојка. Ова е женски филм до самата срж и така треба да се гледа.
———————————————————————————————————————————————————————–

Приказна: Ени (Кристен Виг) е девојка чиј живот е, да кажеме, во фаза на доработка. Само што ја затворила својата продавница за колачиња, живее со луди цимери, работи како продавачка во продавница за накит и што е најлошо, сè уште спие со поранешното момче кое ја третира како ѓубре. Сепак, тука е нејзината вечна и најголема поддршка, најдобрата другарка Лилиан (Маја Рудолф). Но, така е се до моментот кога таа ќе се сврши и ќе почне да се подготвува за свадба. Иако Ени е старосватицата, во целата игра се вмешува и Хелен која е комуникативна, убава, дарежлива, односно да скратиме, таа е совршена и почнува да станува нова најдобра другарка со Лилиан. Чувствувајќи се неуспешна во секоја сфера од животот, Ени одлучува дека не смее да ја изгуби и оваа битка, па почнува да се бори за својата другарка. А тука се врти и мала екипа на деверуши, кои, благо кажано, се со специфичен карактер и приказни.Деверуши (Bridesmaids)Двете главни актерки во овој филм, Виг и Рудолф, се дел од екипата на популарното комично шоу „Saturday night life така што не ни треба да се сомневате околу хуморот. Но, тие тука не играат пародија и ликови-карикатури, туку портретираат реални луѓе кои реагираат под притисок и понекогаш се наоѓаат во смешни ситуации. Инаку во целата група на деверушите, отскокнува изведбата на Мелиса Мекарти. Ако веќе тргнуваме од паралелата со „Мамурлак”, тука таа е женскиот Зак Галифианакис. Игра малку мажествена сестра на свршеникот, која секогаш става одличен зачин на секој муабет и на секој настан.Деверуши (Bridesmaids)Кинематографија: Според начинот на кој е снимен, „Деверуши“ по ништо не отскокнува од вообичаените американски комедии. Тука и таму има секс, но без некои претерани сцени и нормално присутни се и комичните ситуации поврзани со телесни течности. Имаме изгледано мал милион такви и сè зависи од тоа како се осмислени, а во „Деверуши“ тоа е направено одлично.Деверуши (Bridesmaids)Кога и како да го гледате: Да не повторувам дека ова е женски филм. Момци оваа недела само ве потсетуваме на некои минати рецензии („Пуштени од ланец“, „Изворен код“, „Непознат“), а за седум дена ќе понудиме и нешто за ваш вкус.Деверуши (Bridesmaids)
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар