Џус од лубеница

Џус од лубеница

Лубеницата без исклучок е најосвежителното овошје во лето. Овој џус може да си го направите секогаш кога ќе ви треба вистинско ладно освежување, а ќе биде огромно изненадување за пријателите и блиските.

Џус од лубеница

Потребно е:
  • половина лубеница, исчистена од семките и исечена на коцки
  • половина лажиче ѓумбир во прав
  • 3 лажици мед
  • 120 мл сок од лимон
  • прстофат црн бибер во прав
  • коцки мраз
Подготовка:

Во блендер ставете ги коцките лубеница заедно со сокот од лимон, медот и зачините. Миксајте додека да се соединат сите состојки. Сервирајте во високи чаши со неколку коцки мраз и ливчиња од нане.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.