21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита - Part 2

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

8. „Крадачка на книги“ – Маркус Зусак (The Book Thief)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Оваа новела раскажува за младо девојче во нацистичка Германија која по смртта на брат ѝ е испратена да живее со родители што ја посвојуваат. Тие ѝ ги отвораат очите кон моќта на книгите, па таа почнува да краде забранети книги пред да бидат изгорени.

9. „Хари Потер и каменот на мудроста“ – Џ. К. Роулинг (Harry Potter and the Sorcerer’s Stone)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Веќе знаете за што станува збор.

10. „Набор во времето“ – Меделин Лингл (А Wrinkle in Time)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Неверојатно популарна приказна за Мег, нејзиниот брат генијалец и нивниот татко што исчезнува. Тие патуваат низ просторот и времето и учат лекции за индивидуалноста, трпеливоста и љубовта.

11. „Омразата што ја сееш“ – Енџи Томас (The Hate U Give)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

16-годишната Стар е заглавена помеѓу два света – сиромашната заедница во којашто живее и нејзиното училиште. Нештата стануваат уште позаплеткани кога нејзината најдобра пријателка е застрелана и убиена од полицаец. Инспирирана од движењето Black Lives Matter, ова е важно четиво како за тинејџерите, така и за возрасните.

12. „Давачот“ – Лоис Лори (The Giver)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Оваа дистописка новела е за 12-годишниот Џонас кој се подготвува да ја прифати позицијата „Добивач на сеќавања“ само за да открие една злобна намера. Постои причина зошто ова дело од 1993-та година е популарно повеќе од 2 децении.

13. „Имењакот“ – Џумпа Лахири (The Namesake)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Ова е приказна за семејството Гангули од Калкута кое се сели во Кембриџ, Масачусетс. Семејството се обидува да се вклопи во американската култура притоа обидувајќи се да ги зачува своите корени.

14. „Зборувај“ – Лори Холс Андерсон (Speak)

21 книга што секој тинејџер треба да ја прочита

Средношколката Мелинда e отпадник откако ѝ ставила крај на една забава со тоа што повикала полиција. Таа станува многу изолирана и речиси престанува да зборува и ги искажува своите мисли преку уметнички проект. Ова ѝ помага да се справи со инцидентот што ја натерал да повика полиција.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар