Животот како шолја кафе

Животот како шолја кафе

Група поранешни студенти, веќе сите докажани во својата кариера, се договориле да одат да го посетат нивниот стар професор од факултет.

Отишле таму и набрзо разговорот се претворил во поплаки за стресот кој им го предизвикува работата и општо животот.

Професорот им понудил кафе на своите гости, па отишол до кујната и се вратил со голем бокал и различни шолји: порцелански, пластични, стаклени, некои кои изгледале обично и други кои изгледале скапо. Им кажал да се послужат самите.

Животот како шолја кафе

Кога сите студенти земале шолја кафе во рака, професорот им рекол:

„Ако забележавте, сите убави и скапи шолји се земени, останаа обичните и евтините. Иако е нормално да го сакате најдоброто за себе, тоа е изворот на сите ваши проблеми и стресови. Бидејќи сите вие всушност сакавте кафе, а не шолја, но свесно посегнавте по подобрите шолји и сега меѓусебно гледате во шолјите на другите.

Е сега, животот е кафе, работата, парите и позицијата во општеството се шолјите. Тие се само алатки кои треба да ги користите за да го издржувате животот, но квалитетот на животот со нив не ви се менува. Понекогаш, концентрирајќи се само на шолјата, не успеваме вистински да уживаме во кафето што се наоѓа во неа.“

Затоа пријатели, не дозволувајте да ве води шолјата. Наместо тоа, уживајте во кафето.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Дарко Reply

    Добра поука …

Напиши одговор на Дарко Откажи одговор