Рецепт со кафе: Леден десерт за секој дел од денот

Ако барате брз и вкусен леден десерт, има многу десерти кои можат да се направат со малку состојки. Таков е и овој леден рецепт со кафе!

Најдобриот дел од овој рецепт е што е многу лесен за подготовка, а потребни ви се само 10 минути. Погледнете го рецептот во продолжение.

Рецепт со кафе: Леден десерт за секој дел од денот

Потребни состојки:

  • 250 милилитри топло кафе (инстант или еспресо)
  • 40 милилитри топло чоколадо
  • Шлаг
  • Прелив од чоколадо
  • Сладолед

Начин на подготовка:

  1. Во една чаша или сад измешајте ги топлото кафе и топлото чоколадо.
  2. Во друга чаша ставете сладолед колку што сакате, а потоа истурете ја топлата мешавина од кафе и чоколадо.
  3. Украсете со шлаг и прелив од чоколадо.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар