И затворените и отворените кафиња имаат рок на траење – еве како да го препознаете

Мислите дека отвореното кафе може да стои со години? Грешите! Како и сите други видови храна, така и кафето има свој рок на траење кој се разликува во зависност од тоа дали е затворено или отворено. Поголемиот дел од кафињата имаат напишан рок на траење на пакувањето, а тој се разликува во зависност од видот на кафето.

Имено, пржените зрна кафе траат месец дена, додека меленото кафе, што е затворено, може да трае од три до шест месеци. Отвореното мелено кафе може да стои најмногу две недели. Затвореното инстант кафе, доколку е на темно место, може да стои до 6 месеци, а откако ќе се отвори – до година дена. Од друга страна пак, кафето што се става во кафемат најдобро е да се употреби во рок од три месеци по отворањето.

Како да препознаете дали на кафето му истекол рокот на траење?

  • Промена во миризбата
  • Промена во бојата

Постои уште нешто на коешто треба да внимавате, а тоа е да не влегува вода или влага во кафето. Ако кафето се навлажни поради некоја причина, најдобро е да го фрлите. Можете и да го тестирате така што ќе го подготвите и помирисате пред пиење. Ако миризбата е сменета или вкусот не е како што бил претходно, може да биде опасно да го испиете.

Дознајте и какви се луѓето кои сакаат силно кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар