Викенд филмски маратон со Џим Кери

Викенд филмски маратон со Џим Кери

Џим Кери е канадски глумец и комедијант, роден на 17 јануари 1962 година во Њумаркет, Онтарио, Канада. Тој е роден во сиромашно семејство. Неговите родители биле уметници и имале 4 деца, од кои тој бил најмалиот. Благодарение на неговите комичарски способности, уште на 15-годишна возраст, почнува да настапува во клубот Yuk Yuk’s во Торонто. Викенд филмски маратон со Џим КериИако бил одличен ученик, сепак на 16 години бил избркан од училиште, па комплетно се посветил на својата кариера. На 18 години заминал во Холивуд за да си го оствари сонот и да стане светски позната ѕвезда. Прв сериозен проект во кој добива улога е филмот „All in Good Taste“ кој бил снимен во 1981 година. Од тој филм до денеска има снимено 46 филмови.

Како што напредува во кариерата, така и одлично заработува, па еве една мала листа од добиените хонорари за дел од филмовите во кои учествувал како главен актер:

  • Yes Man (2008) – 36,2% од профитот
  • Bruce Almighty (2003) – 25 милиони американски долари
  • Me, Myself & Irene (2000) – 20 милиони американски долари
  • Liar Liar (1997) – 20 милиони американски долари
  • Ace Ventura: When Nature Calls (1995) – 5 милиони американски долари
  • Batman Forever (1995) – 5 милиони американски долари
  • The Mask (1994) – 540 илјади американски долари

Овој викенд ние ќе ви препорачаме само дел од неговите филмови, кој би ви претставувале одлична забава преку целиот викенд. Од неговата богата кариера, тешко можат да се издвојат неколку препораки, па затоа ќе се обидеме да опфатиме филмови од повеќе жанрови, но се разбира на листата ќе се најдат најмногу комедии.
.

1. Ејс Вентура: детектив за миленици (Ace Ventura: Pet Detective)

Викенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 4 февруари 1994 година

Глумци: Џим Кери, Кортни Кокс, Шон Јанг…

Времетраење: 86 минути

Жанр: комедија

Буџет: 11 милиони американски долари

Заработка: 107 милиони американски долари

Заработка на Џим: 350 илјади американски долари


.

2. Глупав и поглупав (Dumb and Dumber)

Викенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 16 декември 1994 година

Глумци: Џим Кери, Џеф Даниелс, Лорен Холи…

Времетрање: 107 минути

Жанр: комедија

Буџет: 17 милиони американски долари

Заработка: 280 милиони американски долари

Заработка на Џим: 5 милиони американски долари


.

3. Шоуто на Труман (The Truman Show)

Викенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 5 јуни 1998 година

Глумци: Џим Кери, Лора Лини, Ед Харис..

Времетраење: 103 минути

Жанр: драма

Буџет: 60 милиони американски долари

Заработка: 265 милиони американски долари

Заработка на Џим: 12 милиони американски долари


.

4. Вечниот сјај на чистиот ум (Eternal Sunshine of the Spotless Mind)

Викенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 19 март 2004 година

Глумци: Џим Кери, Кејт Винслет, Кирстен Данст…

Времетраење: 109 минути

Жанр: драма, романса

Буџет: 20 милиони американски долари

Заработка: 72.260.000 американски долари

Заработка на Џим: непознато


.

5. Бројот 23 (The Number 23)

Викенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 23 февруари 2007 година

Глумци: Џим Кери, Вирџинија Мадсен, Логан Лерман

Времетраење: 98 минути

Жанр: хорор

Буџет: 30 милиона американски долари

Заработка: 77.500.000 американски долари

Заработка на Џим: непознато


.

6. Те сакам Филип Морис (I Love You Phillip Morris)

Викенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 18 јануари 2009 година

Глумци: Џим Кери, Ијан Мекгрегор, Лесли Ман

Времетраење: 93 минути

Жанр: комедија, драма, романса

Буџет: 13 милиони американски долари

Заработка: 20 милиони американски долари

Заработка на Џим: 15 милиони американски долари



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. катка Reply

    чоеков си рула најбоље е ;)))

  2. коки Reply

    go zaboravivte najdobriot od site Man on the Moon

Напиши одговор на катка Откажи одговор