ТВ серија: Разочарување (Disenchantment)

Средновековните авантури и лудории на принцеза што премногу пие и нејзините пријатели – елфот и демонот

Главни улоги: Аби Џекобсон, Нет Факсон, Ерик Андре, Џон ДиМаџио

Жанр: комедија, авантура, анимација

Креатори: Мет Грејнинг и Џош Веинстин

Премиера: 17 август 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 10 (1 гласа, просек: 10.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Подготвени сте за комбинација на Симпсонови и Игра на тронови? Ако одговорот е позитивен, тогаш имам одлични вести за вас! Оваа нова ТВ серија на Нетфликс ќе ве насмее до солзи, ќе ве натера да ги прекриете очите со крвави сцени и ќе ве остави целосно без зборови. Сè на сè, таа ги има сите потребни елементи за да се емитува уште долго време, исто како и другите проекти на креаторот Мет Грејнинг – Симпсонови и Футурама.

Дејството нè води во средновековното кралство познато како Дримленд, каде што владее кралот Зог (Џон ДиМаџио). Тој живее со својата ќерка Тиабини (Аби Џекобсон), односно Бин, за сите освен нејзините најблиски пријатели и најлоши непријатели, како што таа самата објаснува. Бин е и главната улога околу која целата приказна се врти. Но, таа воопшто не е како принцезите што сте навикнати да ги гледате на малите екрани. Баш напротив, Бин е тотално надвор од контрола. Таа има проблеми со пиењето, не почитува никакви авторитети, тврдоглава е до бескрај, мрази фустани и го живее животот на начин на кој само неа ѝ одговара. Звучи интересно, се согласувате?

Таа уште во првата епизода ќе ги запознае своите први најдобри пријатели, веселиот елф со темна страна, Елфо (Нет Факсон) и демонот испратен да ѝ ја уништи душата, Луси (Ерик Андре). Токму тогаш и ќе почне најголемата авантура во нејзиниот живот, исполнета со многу крвави настани, соочување со темни ликови од бајките, како злите верзии на Хансел и Гретел и уште многу други лудории што ќе ве натераат да ги изгледате сите епизоди во само еден здив. Верувајте ми, нема подобар викенд маратон од овој!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар