ТВ серија: Тракатанци (Trinkets)

ТВ серија: Тракатанци (Trinkets)

3 средношколки формираат неочекувано пријателство откако се запознаваат на група за поддршка

Главни улоги: Бријана Хилдербранд, Киана Мадеира, Куинтеса Свиндел

Жанр: драма

Креатори: Ејми Анделсон, Емили Мејер, Кристен Смит

Премиера: 14 јуни 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (Нема гласови)
Loading...

 

„Тракатанци“ е една од новите драми на Нетфликс што ни ја раскажува приказната за три средношколки што не можат да се воздржат да украдат нешто ситно од продавниците што ги посетуваат. Тие не го прават тоа поради немање финансии, туку исклучиво за возбудата што им ја предизвикува. Токму затоа и се притиснати од најблиските да посетуваат група за поддршка за луѓе што се борат со истиот проблем.

Елоди (Бријана Хилдербранд), Моу (Киана Мадеира) и Табита (Куинтеса Свиндел) на прв поглед изгледаат како да припаѓаат на сосема различни светови. Но, нивната тајна ќе ги зближи и ќе им помогне да формираат цврсто пријателство базирано на разбирање, доверба и почит. Тие ќе почнат да поминуваат сè повеќе време заедно и да си ги споделуваат сите оние тајни што долго време ги чувале само за себе. Со оглед на тоа што сите три ги очекува многу тежок период, изгледа како нивното пријателство да е судбинско.

Ако сте расположени за лесна драма, што ќе го исполни вашето попладне со смеа но и солзи, тогаш оваа ТВ серија е одличен избор за вас. Не само што ќе се поврзете со младите девојки, туку исто така и ќе се замислите за вашиот живот – ќе почнете да се прашувате дали тоа е тоа што навистина го сакате и дали можете да направите нешто да го подобрите, исто како и главните хероини во „Тракатанци“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар