ТВ серија: Луцифер (Lucifer)

Ѓаволот решил да се пензионира и да живее меѓу смртниците на Земјата

ТВ серија: Луцифер (Lucifer)Главни улоги: Том Елис, Лорен Герман

Жанр: фантазија

Креатор: Том Капинос

Премиера: 25 јануари 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (15 гласа, просек: 9.27 од 10)

Loading...

Луцифер (Том Елис), на кој му здодеал животот во пеколот, отишол да живее во Лос Анџелес, но во ниту еден момент не помислил дека ќе ги користи своите способности за да им помага на луѓето. Тој има неверојатна моќ да ги извлече на површина најдлабоките и најлошите желби и мисли кај смртниците, без тие воопшто да знаат дека гласно ги изговараат. Токму таа способност ќе му овозможи соработка со полицијата, поточно со една мистериозна детективка која уште во првиот момент ќе го привлече неговото внимание.

(1) tv-serija-lucifer-lucifer-www.kafepauza.mk

(2) tv-serija-lucifer-lucifer-www.kafepauza.mk

Клои (Лорен Герман), детективката, изгледа е единствената имуна на моќите на Луцифер. Оваа нејзина способност ја прави исклучително фасцинантна во неговите очи, па токму затоа и тој ќе сака да биде во нејзина близина со цел да открие која е таа и што е тоа што ја прави толку посебна. Иако е искрен за своето потекло и без проблем ја признава својата бесмртност, Клои верува дека тој само се забавува и си игра со него, па логично и не му верува. Но, тоа не ја спречува да го побара за помош.

(3) tv-serija-lucifer-lucifer-www.kafepauza.mk

(4) tv-serija-lucifer-lucifer-www.kafepauza.mk

Станува збор за интересна и лесна за гледање ТВ серија која без сомнение ќе ве насмее и расположи. Таа е одлична за оние моменти кога едноставно ви е преку глава од сè, бидејќи ќе ве одведе во еден сосема различен свет каде дури ни законите на физиката не се онакви какви што сите ние сме навикнати да ги гледаме. Том Елис без сомнение одлично ја одигрува својата улога и со својот шарм за само неколку секунди ќе го освои вашето срце. Исто како и неговиот лик, Луцифер.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. dusica Reply

    Kolku epizodi ima?

  2. dusica Reply

    Kolku epizodi ima?
    Na koj kanal?
    inaku ovaa serija ja imam primeteno lani vo juni-jili ama mislav deka e film.

    • Моника Трајковска Reply

      Официјалната премиерата ѝ беше во јануари, и има само 3 епизоди досега. Инаку првата епизода излезе уште лани, па може затоа си ја видела некаде. На нашиве канали не ја даваат, но можеш лесно да ја најдеш онлајн.

  3. Lsy Reply

    Ne ja davaat na nitu eden FOX tv program? Jas gi simnuvam epizodite :/

    • Моника Трајковска Reply

      За жал, сѐ уште ја нема на нашите програми и мора да се симнува или онлајн да се гледа.

Остави коментар