ТВ серија: Добри девојки (Good Girls)

Три мајки од предградие решаваат да ограбат локална продавница и целиот живот им се превртува наопаку откако ќе сфатат дека ги зеле парите на баран криминалец

Главни улоги: Кристина Хендрикс, Рита, Мае Витман

Жанр: комедија, драма, криминал

Креатор: Џена Банс

Премиера: 26 февруари 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 101 vote, average: 10.00 out of 10 (1 гласа, просек: 10.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Расположени сте за одлична драмедија што ќе ве насмее до солзи и ќе ве држи на работ од столчето до самиот крај? Станува збор за приказната за три мајки од предградието, кои поради неочекувани финансиски проблеми, ќе решат да ограбат локална продавница. Но, тоа што нема да го знаат е дека баран криминалец ги чува своите пари во сефот на продавницата, па наместо очекуваните 30.000 долари, тие ќе завршат со половина милион.

Токму во тој момент нивниот живот целосно ќе се промени и тие ќе бидат приморани да работат за криминалецот со цел да му ги вратат парите. Тоа што можеби нема да го очекувате е дека тие ќе се пронајдат во криминалниот живот и откако нивниот долг ќе биде подмирен, ќе решат да останат во контакт со криминалецот што го ограбија и ќе се впуштат во различни процеси од „перење“ фалсикувани пари.

Приказната е навистина интересна, дејството е побрзо одошто очекувате од овој жанр и најважно од сè – главните девојки, Кристина Хендрикс, Рита и Мае Витман се толку добро одбрани што едноставно ќе се заљубите во нив. Начинот на кој тие запаѓаат во неволји е навистина забавен, но тоа што е уште поинтересно е начинот на кој креативно се извлекуваат од секоја ситуација. Па, ако сте расположени за забавен викенд маратон – ова ТВ серија е најдобриот избор за вас!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар