За најголемите филмомани: 8-те највисоко рангирани филмови на IMDb

За најголемите филмомани: 8-те највисоко рангирани филмови на IMDb

Ако сте љубители на добри филмови, тогаш имаме одлична листа за вас! Според IMDb, најпопуларниот извор на информации за сè поврзано со филмови, следниве осум филмови имаат највисоки оценки. Па, ако се мислевте да правите маратон викендов, сигурни сме дека ќе уживате во овие филмови, дури и ако некои од нив веќе сте ги изгледале…

1. Бегство од Шошенк (The Shawshank Redemption) – 9.3

Двајца затвореници се зближуваат со текот на годините, наоѓаат мир, па дури и искупение преку едноставни добри дела. Овој филм излегол во 1994 година.

2. Кум (The Godfather) – 9.2

Стариот патријарх на династија за организиран криминал, ја префрла контролата на својата огромна империја на неспремниот син. Филмот излегол во 1972 година.

3. Кум 2 (The Godfather: Part II) – 9.0

Второто продолжение на Кум е веднаш зад својот претходник, правејќи го еден од ретките филмови што ја достигнуваат славата на оригиналот. Вториот дел излегол во 1974 година.

4. Мрачниот витез (The Dark Knight) – 9.0

Појавата на Џокерот носи хаос на улиците во градот Готам. Мрачниот витез мора да прифати еден од најголемите психолошки и физички тестови на својата способност да се бори против неправдата. Премиерата на овој филм била во 2008 година.

5. 12 лути мажи (12 Angry Men) – 8.9

Поротата мора да одлучи дали еден млад маж е невин или виновен за убиството на својот татко. „12 лути мажи“ е најстариот филм на оваа листа, односно премиерата му била во 1957 година.

6. Шиндлеровата листа (Schindler’s List) – 8.9

Во Полска, за време на Втората светска војна, кога била окупацијата од Германија, Оскар Шиндлер неочекувано почнува да се грижи за Евреите откако дознава како се однесуваат германските нацисти кон нив. Премиерата на овој филм била во 1993 година.

7. Господарот на прстените: Враќањето на кралот (The Lord of the Rings: The Return of the King) – 8.9

Третото продолжение на можеби најпознатата франшиза од областа на фантазијата е без сомнение најдоброто од сите. Со тоа се согласуваат и скоро 1,5 милиони гледачи на IMDb. Премиерата на филмот била во 2003 година.

8. Евтини приказни (Pulp Fiction) – 8.9

Овој филм од 1994 година ни ги покажува животите на двајца платени убијци што работат за мафија, боксер, сопруга на гангстер и еден пар бандити, низ четири различни приказни со насилство и искупение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар