Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

Богородичната црква во Париз е една од најневеројатните примери за готска архитектура. Изградена во Средниот век, со векови ги привлекува верниците и туристите воодушевувајќи ги со своите кули, прозорци и скулптури.

Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

Покрај скулптурите од свети ликови како пророци и светци, екстериерот на катедралата има и неколку гротескни камени суштества чија цел е да ја штитат црквата од зли духови. Кога овие скулптури служат и како одвод, тие се наречени гарголи, иако овој термин погрешно се користи за сите суштества од оваа фамилија.

Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

Богородичната црква има функционални гарголи, но и неколку декоративни скулптури наречени химера. Иако вторите не служат како одвод, и тие станале познати како гарголи и се можеби најпознатата карактеристика на катедралата.

Потеклото на гарголите

Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

Под водство на бискупот Морис де Сили, изградбата на Богородичната црква започнала во 1160-тите и траела речиси 200 години. На почетокот на овој подвиг, гарголите не биле одлика на француската архитектура. Но, до средината на 13-тиот век готскиот стил се прославувал со гароглите на чело.

Инспирирани од старите модели најдени во храмови во Египет, Рим и Грција, архитектите од Средниот век почнале да ги вметнуваат гарголите во нивните дизајни. За наново да го осмислат овој древен концепт, тие се свртеле кон францускиот фолклор, односно кон приказна од 7-иот век. Приказната била за Свети Роман и гарголата (la gargouille), чудовиште кое блуело оган и чија глава била закована за црква и служела како одвод.

Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

Како што готските цркви станувале поголеми, се зголемувал и нивниот одвод. Во комбинација со суеверието на католичката црква, гарголите станале совршени за оваа намена.

До крајот на изградбата на Нотр Дам во 1345-та година, на надворешните ѕидови имало дузина гарголи од варовник. Имајќи улога на заштитници и одвод, овие суштества имаат шупливо тело, долг врат и глава на животно. Често имаат крилја со пердуви, зашилени уши и канџи припиени до телото.

Според историчарот на уметност Мајкл Камил, гарголите на катедралата се слични едни на други поради нивната краткотрајност.

Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

„Гарголите на средновековните цркви брзо се распаѓале. Ако правилно си ја вршеле работата како одводи, требало да се менуваат по околу еден век. Бидејќи не се издржливи како скулптурите на светците направени од камен, гарголите направени од варовник често биле заменувани.“

За разлика од гарголите, скулптурите познати како химера, кои се навидум незаменливи, не се оригинален дел од Богородичната црква. Тие не датираат од Средниот век, туку биле изградени во 19-тиот век.

Познатата химера

Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

Во 1800-тите, Богородичната црква била во криза. Бидејќи им здодеала готиката и го прифатиле барокот, Парижаните направиле петиција за уривање на катедралата. За среќа, францускиот писател Виктор Иго решил да ја спаси. Со цел да ја потсети јавноста за историската важност на црквата, тој ја напишал „Ѕвонарот на Богородичната црква“ (The Hunchback of Notre-Dame), новела што ја слави мистеријата и неверојатноста на Средновековната катедрала. Благодарение на успехот на книгата, интересот за црквата се зголемил, а кралот побарал и нејзино реновирање.

Во 1844-та година архитектите Жан Батист Антоан Ласу и Јуџин Виолет ле Дук добиле задача да ја реставрираат старата катедрала. Тие ги поправиле оштетените делови и додале нови елементи вклучувајќи ги познатите 56 химери.

Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

За разлика од гарголите, овие статуи не се подаваат од надворешните ѕидови, туку се наоѓаат на балконот што ги поврзува двете камбанарии.

Колекцијата од химери на Богородичната црква вклучува застрашувачки животни, фантастични хибриди и митски суштества. Некои од попознатите се демонот со еден рог, хибрид од човек и коза и не толку страшен слон.

Гротескните суштества денес

Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

Денес посетителите можат да ги забележат и подадените гарголи и химерите. Љубопитните посетители можат дури и да се искачат во кулите и да прошетаат на балконот. Иако ќе треба да искачите 387 кружни скалила, кога ќе се соочите со овие суштества ќе сфатите дека вредело.

Дали знаете како навистина требало да изгледаат најпознатите градби ширум светот?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар