3 нови ТВ серии што можат да ви го исполнат овој викенд

3 нови ТВ серии што можат да ви го исполнат овој викенд

Иако од новата година поминаа само месец и половина, би се изненадиле од бројката на нови ТВ серии што досега излегоа. Изгледа светот зад малите екрани никогаш не спие, па на наша среќа, во секој момент имаме голем избор, па според расположението, можеме да изберете токму тоа што ни треба. Во продолжение следуваат 3 нови ТВ серии што излегоа во јануари и за кои се очекува да траат барем неколку години…

3 нови ТВ серии што можат да ви го исполнат овој викенд

1. Понатаму (Beyond) – 3 јануари

Холден, млад дечко, се буди по 12 години поминати во кома и открива дека на емотивно ниво сè уште е адолесцент, физички наликува на возрасен, додека во себе поседува неверојатни натприродни способности што ќе го изложат на опасност.

2. Мери убива луѓе (Mary Kills People) – 17 јануари

Приказната го следи животот на д-р Мери Харис. Таа е самохрана мајка и доктор преку ден, а „ангел на смртта“ преку ноќ. Нејзината животна мисија е да им помогне на смртно болните пациенти да си заминат од овој свет под нивни услови.

3. Ривердејл (Riverdale) – 27 јануари

Оваа ТВ серија, чие дејство е сместено во сегашноста, ни нуди храбар и поинаков поглед кон животот на Арчи, Бети, Вероника и нивните пријатели, истражувајќи ја надреалноста на животот во мал град и мистериозноста што се крие зад фасадата над навидум совршениот Ривердејл.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар