Како храната влијае на вашиот мозок?

Она што го јадете има директно влијание на вашиот мозок. Ова сигурно сте го слушнале повеќе пати, но прекумерната тежина станува сѐ посериозен проблем, така што не е лошо да се спомене уште еднаш со цел да се подигне свеста на што поголем број луѓе. Следуваат неколку работи кои мора да ги знаете во врска со начинот на кој храната влијае на мозочните функции…

Што му прави храната на вашиот мозок?

Мозокот е составен претежно од масти и потребни му се мастите од храната за да функционира

Ако ја извадите целата течност од мозокот, поголемиот дел од неговата тежина ќе ја сочинуваат липидите, односно мастите. Останатиот дел од мозочната маса е составен од гликоза, аминокиселини, микрохранливи материи и протеини кои се обновуваат преку храната што ја јадеме. За да го одржите мозокот здрав, јадете многу семиња, ореви и риба полна со маснотии. Масните киселини се содржат само во овие видови храна и помагаат при создавањето нови клеточни мембрани. Тие исто така помагаат да се спречат дегенеративните мозочни нарушувања.

(1) Како храната влијае на вашиот мозок?

Она што го јадете може да ве спречи да заспиете

Ако постојано сте будни навечер или се чувствувате уморни по ручекот, тоа се случува веројатно затоа што мозокот не е задоволен од она што сте го изеле. Тешката и масна храна пред спиење ќе ве држи будни, затоа што на телото му е потребно повеќе време за да ја свари. Кофеинот во некои пијалаци и чоколадото исто така ќе го нарушат вашиот сон.

(2) Како храната влијае на вашиот мозок?

Трансмастите се најлоши за вашиот мозок

Трансмастите кои најчесто се содржат во пржената храна и во преработените производи, можат да го нарушат здравјето на вашиот мозок ако ги јадете во големи количества. Истражувањата покажуваат дека трансмастите можат да ја влошат вашата меморија. Кај оние луѓе кои многу јадат ваква храна, постои поголема веројатност да имаат помал мозок. Ограничете ја консумацијата на оваа храна и вашиот мозок (а и линија) ќе бидат среќни!

(3) Како храната влијае на вашиот мозок?

Она што го јадете може да влијае на вашето расположение

Истражувањата велат дека постои поврзаност помеѓу доброто расположение и храната богата со омега-3 масни киселини, магнезиум, триптофан, фолна киселина и други Б витамини. Јадете многу овошје, зеленчук, храна богата со омега-3, протеини и сложени јаглехидрати, пијте доволно вода и веднаш ќе забележите разлика во вашето расположение и општа благосостојба.

(4) Како храната влијае на вашиот мозок?

За да го одбегнете недостатокот од концентрација и внимание, прескокнете ги високо гликемичните јаглехидрати како што се белиот леб и благите работи, бидејќи тие можат да го зголемат нивото на шеќери во крвта и потоа драстично да го намалат. Сложените јаглехидрати како што се житарките, побавно го зголемуваат нивото на шеќер во крвта што ќе ви помогне да останете повеќе фокусирани и сконцентрирани.

За повеќе информации, погледнете го следново видео…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар