Астролошки профил на родените во знакот стрелец

Астролошки профил на родените во знакот стрелец

(22 ноември – 21 декември)

Астролошки профил на родените во знакот стрелецЛуѓето родени во хороскопскиот знак стрелец се отворени и весели луѓе, кои шират позитивна енергија на луѓето околу нив. Тие имаат религиозна и духовна природа и висок морал. Стрелците се големи оптимисти и за нив чашата е секогаш половина полна. Повеќето стрелци имаат срце полно со љубов и добрина. Не е во нивната природа да бидат злонамерни, пакосни или намќори. Тие не се ниту арогантни, ниту нарцисоидни, туку токму спротивното од тоа – позитивни и отворени личности, секогаш спремни да го живеат животот со полна пареа и да искусат нови животни авантури.

Стрелците однадвор и однатре

Стрелците се големи дипломати, кои не се плашат да ги прекршат правилата на игра, ако таа одлука ги направи сите среќни. Тие се искрени и учтиви луѓе, но ако се однесувате нефер кон нив, ќе го изгубат трпението. Како и на сите други луѓе, така и на позитивните стрелци може да им се случат депресивни расположенија, а таа нивна страна од карактерот ја кријат од светот. Стрелците секогаш оставаат впечаток на отворени и позитивни личности, па дури и кога не се чувствуваат расположено, тие умеат да се замаскираат пред останатиот свет, криејќи ја песимистичката страна од нивниот карактер.Астролошки профил на родените во знакот стрелец

Отворен ум

Стрелецот е најавантуристичкиот знак во зодијакот. Неговиот ум е секогаш активен и жеден за учење нови работи. Тој ќе ја испроба секоја идеја која ќе му падне на ум, за да види каде таа ќе го одведе, а доколку спроведувањето на истата направи да се чувствува ограничено и затворено, веднаш ќе ја отфрли. Стрелецот сака да има слобода во реализацијата на неговата идеологија.Астролошки профил на родените во знакот стрелец

Ентузијасти

Стрелецот обожава да се социјализира и дружењето со разни луѓе му е навистина потребно за да се чувствува урамнотежено. Во одредени ситуации може да се случи да се чувствува осамено и да нема луѓе покрај него со кои ќе ја исполни таа празнина, но во секој случај тоа нема да трае долго. Стрелецот е дружељубива личност, која знае како да се спријатели со вистинските луѓе кои ќе бидат покрај него цел живот. Сите сакаат да бидат во близина на стрелец, бидејќи тој изразува посебен интерес за животите на другите луѓе.

Жед за учење нови работи

Мозокот на стрелците е како сунѓер кој вечно впива информации, знаење и вистина. Овие луѓе секогаш се желни за учење нешто ново и никогаш не се задоволуваат со она што го знаат. Стрелецот чита сè што ќе му падне на рака, а неговиот изострен и бистар ум му помага да го запомни сето она во кое вложува напор и енергија.

Негативната страна на нивниот карактер

Стрелците се нетрпеливи, тешко ги контролираат своите емоции, честопати избувнуваат и сакаат да доминираат во сите ситуации. Тие имаат „луто и остро јазиче“ и знаат да бидат невнимателни, па дури и безобразни, кога ќе ја изгубат контролата врз ситуацијата.Астролошки профил на родените во знакот стрелец

Одлични пријатели

Кон своите пријатели тие се многу услужливи и им помагаат секогаш кога можат. Нивната вродена моќ за перцепција на светот околу нив, во комбинација со нивната инспиративна енергија, ги прави стрелците одлични комуникатори, кои умеат да ги „уловат“ мислите на луѓето околу нив. Повеќето стрелци имаат и вродена смисла за хумор, благодарение на која може да ја насмеат речиси секоја особа која се наоѓа во нивна близина.Астролошки профил на родените во знакот стрелец

Стрелците на работа

На работното место стрелците се секогаш почитувани од страна на останатите колеги, бидејќи во најстресните ситуации, кога брзото и ефикасно работење е најважно, тие создаваат  атмосфера за работа, како и чувство на стабилност и рамнотежа во работната средина. Со самата нивна појава и однесување, тие умеат тешката комуникација помеѓу други луѓе да ја коригираат и направат поднослива, па дури и пријатна.

Стрелците имаат свои правила од кои не отстапуваат, па токму затоа не сакаат да гледаат како некои луѓе на работното место користат ситуации кои одат во нивна корист, а на штета на друг. Тие ќе ви помогнат секогаш кога ќе ви биде потребна потпора и поддршка и ќе го пронајдат најдоброто можно решение на конкретниот проблем. Тие се трудољубиви и брзи и стојат цврсто на нозе благодарение на тие карактеристики.Астролошки профил на родените во знакот стрелец

Стрелците во љубовта

Кога стрелецот ќе ја пронајде љубовта на својот живот, тој ќе направи буквално сè што е во негова моќ за да ја одржи нивната љубов засекогаш цврста.Астролошки профил на родените во знакот стрелецТие се лојални и искрени љубовници кои ќе ја подарат сета своја љубов на оној партнер на кого ќе можат безрезервно да му веруваат. Тие бараат сродна душа со која ќе одат заедно на патувања низ светот, заеднички ќе развиваат нови идеи и ќе се смеат до солзи. Смеата, според стрелците, е решение на сите проблеми. По природа стрелците се многу страсни, меѓутоа тие додека се помлади преферираат да бидат во површни љубовни врски, сè додека не созреат и ја откријат нивната подлабока емотивна страна.

Идеални професии за стрелците

Стрелецот како високо интелигентна личност, со одлична смисла за хумор и голема волја за едукација и надградување може да изгради добра кариера во повеќе различни области, како на пример: во департманот за продажба на патни аранжмани во туристичка агенција, професори, фотографи, комедијанти, писатели, брокери, свештеници, пилоти, писатели…Астролошки профил на родените во знакот стрелецОмилени бои на стрелците: сина, пурпурна, индиго боја, жолта и портокалова.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Strelec Reply

    Zakon tocno e 😀 😀

    • ЛЕА Reply

      ЗОШТО НЕМА ЗА ЛААААААААААААААВ???нЕПРАВДАА Е ОВА СИТЕ ГИ ИМА ОСВЕН ЗА ЛАВ

      • Кафе пауза Reply

        Без нервирање 🙂 Ги има профилите на сите знаци, освен за рак и лав, зошто секој пост го објавувавме во согласност со астролошкиот период. Почнавме со знакот девица, наскоро ќе објавиме за рак, а во периодот на лавовите, ќе има и за нив 🙂 Поздрав.

  2. sagitarius Reply

    i da ne sum strelec bi go potvrdil ova…

  3. jagoda naceva Reply

    Jas sum strelec vo vistinska smisla na znakot….tocno takva sum …i si se sakam bas takva…gi sakam lugeto se druzam so niv obozavam da patuvam i otkrivam novi nesta…..energicna i realna……blagodaram Jupiterrrrrr

  4. Strelcee Reply

    potocno nemoze da bide… Jas sum strelec i mn se sakam so sum takfaaa…. 😉

  5. KATE Reply

    tocno KAZANOI OPISANO SKORO SE ZA STRELECOT

  6. Facebook Reply

    Koga ke ima za lav??

  7. Нина Reply

    Колку е само најточно 🙂

  8. Skorpion Reply

    Јас сум скорпија а професорка ми стрелец.И се точно особено „Негативната страна“ поз.з

  9. jagoda Reply

    se e tocno!!!

  10. Igor Reply

    Тоа е вистинскиот знак! поздрав! 🙂

  11. sara Reply

    kolku e samo tochno!

  12. justin4e Reply

    mmm se e tocno.. od zbor do zbor pogodeno 😀

Напиши одговор на KATE Откажи одговор