Можете ли да забележите жена во оваа оптичка илузија од Јоханес Стотер?

Можете ли да забележите жена во оваа оптичка илузија од Јоханес Стотер?

Доколку сте ја сретнале оваа фотографија додека пребарувате на Интернет, можеби изгледа како да нема ништо друго освен добар кадар на пеперутка која ужива врз сончоглед. Веројатно ќе ви биде потребно време да сфатите што всушност има на фотографијата и ќе треба многу внимателно да погледнете за да го забележите вистинското ремек-дело, пеперутката е всушност човек!

Можете ли да забележите жена во оваа оптичка илузија од Јоханес Стотер?

Ликовниот уметник кој се изразува преку сликање на тело, Јоханес Стотер користи боја и ги камуфлира своите живи модели во околината или реинтерпретира разни форми кои ги гледаме околу нас, од животни до неживи предмети, како на пример, чевли. Вештото сликање и облините на живиот модел ги комбинира совршено, саздавајќи оптичка илузија која изгледа неверојатно реално.

Овој италијански уметник е познат ширум светот по неговото сликање на човечки тела, има добиено голем број награди, а голем број од неговите уметнички дела станале вирални. Неговата последна илузија наречена Пеперутка била посветена на неговата мала ќерка Линеа, и верува дека тоа е неговото најдобро уметничко дело досега.

Погледнете ги неговите уметнички илузии и обидете се да ги забележите голите насликани тела на нив!

Ова видео покажува како сликата на пеперутка „се открива“ пред вашите очи:

На совршената уметничка илузија како оваа ѝ се посветуваат недели на планирање и часови прецизна работа

Повеќе неверојатни дела сликани на тело од Јоханес Стотер

 

Можеби сакате да прочитате и за овој уметник кој преку провокативни дигитални илустрации ги покажува недостатоците на нашето современо општество.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар