Еколошкото училиште во Бали
Џон и Синтија Харди се основачите на ова уникатно еколошки одржливо училиште, кое им нуди на учениците квалитетно образование во една малку поинаква средина и атмосфера. Училишниот кампус се наоѓа во Бали, Индонезија и целосно е направен од бамбус и од традиционалните балиски ѕидови од кал.
Во него има училници, спортска сала, фудбалски терени, деловни простории, библиотека, кафулиња и интернат. Напојувањето на училиштето се врши преку природни извори на енергија, односно преку соларни панели и хидро-генератор.


Во склоп на наставата учениците се вклучени во многу активности, како на пример: одгледување сопствени полиња со ориз, кои се во склоп на кампусот, правење чоколадо, пошумување на околината со бамбус и слично. Преку садењето бамбус, учениците вложуваат во продолжување на животот на училиштето и негово понатамошно ширење.


„За една година успеавме да засадиме 15.000 семиња за бамбусни дрва. Според нашите проценки, за рок од околу 7 години, би пораснале 1.500.000 бамбуси што е сосема доволно за 150 нови згради“ – Џон Харди


Главната зграда на училиштето во која се наоѓаат неколку училници и лаборатории, библиотеката и канцелариите е направена од 2.630 бабусни дрва и чинела 225.000 долари.





Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




























