6 неверојатни жени чија слава им била украдена

6 неверојатни жени чија слава им била украдена

Некои историчари веруваат дека сопругата на Ајнштајн имала голем придонес во развојот на теоријата за релативност бидејќи таа била математичарка. Поради некоја причина, нејзината вклученост во проектот не е спомната, а нема никаков начин да се докаже овој факт.

За жал, постојат многу случаи со неправеден третман на жените и нивните заслуги за кои денес имаме докази. Овие жени речиси и да не добиле заслуга за нивните достигнувања, а во продолжение дознајте за кои станува збор.

1. Сидони Габриел Колет

6 неверојатни жени чија слава им била украдена

20-годишната Колет се венчала со писател кој бил познат како Вили. Во текот на 8 години, Колет напишала 4 новели кои биле објавени под името на нејзиниот сопруг и го направиле навистина популарен.

Колет повеќе не можела да го издржи ова, па се развела и започнала нејзина писателска кариера. Нејзиното најголемо професионално достигнување е номинација за Нобелова награда во 1948-ма година. Бродвејскиот мјузикл „Џиџи“ (Gigi) бил направен според една од нејзините книги, а Одри Хепберн, која во тој период не бил позната, имала улога во претставата.

За животот на писателката се направени неколку филмови, а најновиот е од 2018-та година, со Кира Најтли во главната улога.

2. Маргарет Кин

6 неверојатни жени чија слава им била украдена

Кога Маргарет открила дека нејзиниот сопруг ги продавал нејзините дела со негов потпис, била навистина гневна. Но, тој успеал да ја убеди дека ова бил полесен начин за заработување. Тие се расправале цела година, но на крај таа се согласила нејзините дела да бидат продавани како негови, и тоа цели 13 години.

Волтер, нејзиниот сопруг, станал најпопуларниот артист во 1960-тите. На врвот од неговата кариера, Маргарет работела и по 16 часа на ден. Уште полошо е што Волтер ѝ се заканувал дека ќе ја убие доколку таа ја открие вистината.

Дури откако се развела од него, Маргарет решила да го тужи. Со цел да се докаже кој е вистинскиот уметник зад сликите, судијата им рекол и на двајцата да нацртаат една од препознатливите слики на Маргарет. Маргарет ја завршила задачата за еден час и го добила случајот.

Филмот „Големи очи“ (Big Eyes) на Тим Бартон ја раскажува неверојатна приказна на оваа жена.

3. Сузан Џоселин Бел Бурнел

6 неверојатни жени чија слава им била украдена

Сузан била првата личност што го забележала необичното движење на небесните тела кои подоцна беа именувани пулсари. 7 години подоцна, двајца нејзини колеги ја добиле Нобеловата награда за откривање на пулсарите. Сузан не била ни спомната за ова револуционерно откритие.

Дури 50 години подоцна, Сузан добила посебна награда во областа на физиката и сума од речиси 3 милиони евра. Претходно, оваа награда била доделена само 3 пати.

4. Лиз Мејтнер

6 неверојатни жени чија слава им била украдена

Лиз била дел од тимот кој ја открил и објаснил нуклеарната фисија и го предвидел нејзиниот експлозивен потенцијал. Но, таа не ја добила Нобеловата награда во областа на хемијата која му припаднала на Ото Хан, со кого Лиз соработувала 30 години.

Лиз одбила да учествува во развојот на нуклеарно оружје. Епитафот на нејзината надгробна плоча кој бил напишан од нејзиниот внук Ото Фриш гласи: „Лиз Мејтнер: Физичарка која никогаш не ја изгуби нејзината човечност.“

5. Розалинд Френклин

6 неверојатни жени чија слава им била украдена

Розалинд Френклин и Морис Вилкинс биле менаџери на различни истражувачи групи. И двете групи проучувале ДНК. Фотографиите што ги направила Френклин ја докажале хипотезата на втората група научници, а тие пак објавиле студија за нивните истражувања во истото време.

Откритието за структурата на ДНК му донела Нобелова награда на тимот на Морис, но не и на Френклин. Иако таа починала пред колегите да ја добијат наградата, нејзиниот удел во откритието никогаш не бил признат.

6. Естер Ледерберг

6 неверојатни жени чија слава им била украдена

Естер Ледерберг била пионер во бактериската генетика. Но името на нејзиниот прв сопруг, Џошуа Ледерберг, е она што завршило во историјата. Тој бил познат научник и ја добил заслугата за сè што создале заедно.

Во 1958-ма година, Џошуа ја добил Нобеловата награда и никогаш не го спомнал уделот на неговата сопруга – ниту во неговиот говор, ниту за време на вечерата. На крајот, тие се развеле.

По смртта на Естер, еден професор од Стенфорд изјавил:

„…независни плодни придонеси во лабораторијата на Џошуа… сигурно водеа, делумно, до неговата Нобелова награда.“

Прочитајте и за неверојатните жени кои предизвикаа вистинска бура на Интернет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар