Истражување: Сопствениците на мачки се поинтелигентни од оние кои чуваат кучиња

Според некои истражувања, луѓето најчесто чуваат кучиња како домашни миленичиња. Изгледа кучето е најдобриот пријател на човекот, но наводно чувањето мачка укажува на навистина интересни факти за нивните сопственици.

Истражување: Сопствениците на мачки настојуваат да бидат поинтелигентни

Миленичињата се одраз на вашиот животен стил

Покрај неверојатните способности на мачките да го намалат стресот кај луѓето и да им помогнат да се справат со загуба, чувањето на ова животно може да каже многу за вашиот карактер.

Изненадувачки, луѓето најчесто одбираат милениче кое одговара на нивниот животен стил и нивите навики. Едно неодамнешно истражување спроведено од Универзитетот во Флорида и универзитетите Керол и Маркет објаснува зошто.

Семјуел Д. Гослинг од Универзитетот во Тексас бил првиот што добил идеја да ги спореди сопствениците на кучиња со нивните миленици. Тој истакнал неколку чести одлики помеѓу луѓето и нивните најдобри пријатели, но љубителите на мачки не се нашле на неговата листа.

Подоцна, Денис Д. Гастело, вонреден професор на Колеџот Керол, заедно со Андреа Д. Гастело и Стивен Џ. Гастело, направиле големо и единственото истражување што ги споредува карактеристиките на луѓето кои чуваат мачка или куче. Главната цел била да се разбере врската помеѓу човечките одлики и нивниот избор на милениче.

Разликите помеѓу љубителите на мачки и кучиња

Во истражувањето учествувале околу 600 студенти кои биле проучувани од неколку психолози. Биле набљудувани способноста за расудување, топлината, емоционалната стабилност и слично кај студените.

Според одговорите на испитаниците, студентите кои имале куче биле поотворени и екстроверти. Од друга страна, луѓето кои чувале мачки биле почувствителни и креативни. Кај сопствениците на мачки се истакнала уште една карактеристика – покрај нивната чувствителност, овие луѓе застанувале зад нивните интереси и нивните гледни точки.

Сè е до интелигенцијата

Можеби најинтересната одлика што била забележана е интелигенцијата. Истражувањето покажало дека сопствениците на мачки имале повисока интелигенција од сопствениците на кучиња.

Љубовта е клучна

Како и да е, без разлика дали сте љубител на мачки, на кучиња или на риби, најважна е вашата поврзаност со миленичето. Овие крзнени пријатели се секогаш покрај вас, без разлика дали повеќе ве интересираат науката и знаењето или дружењето и социјалниот живот.

Доколку не можете да се одлучите за милениче, погледнете дали е подобро да посвоите мачка или куче.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар