„Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калории

„Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калории

Сакате да ослабете, а не знаете како да ги контролирате порциите храна? Во тоа ќе ви помогне едноставната „дланка диета“.

„Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калории

Контролирањето на големината на порциите и внесот на калории се двата најважни елементи во повеќето диети. Со т.н. „рачна“ диета нема потреба да размислувате за калориите, а порциите без проблем ќе ги држите под контрола.

Оваа диета се заснова на идејата за контролирање на порциите храна со помош на сопствената рака. Поточно, со помош на одредени делови од дланката. Така, препорачаната дневна количина месо, на пример, не би требало да биде поголема од големината на вашата раширена дланка.

Истражувањето спроведено од Американското здружение за малигни болести покажало дека не сме вешти во менаџирањето на количината храна која ја внесуваме во организмот. На пример, просечната порција тестенини е пет пати поголема од препорачаната  количина.

Отсекот за исхрана и студиите за храна на Универзитет Њујорк вината ја фрлаат на менталитетот „празна чинија“ кој ни создава погрешен однос кон храната. Луѓето од мали се учат дека мора да исчистат сѐ од чинијата пред себе, а таквото однесување подоцна преминува во навика, па во комбинација со преголемите порции доведува до натрупување вишок килограми.

„Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калории

Мали промени во исхраната можат да доведат до големи резултати, само мора да научите како секојдневно да ја контролирате количината на храна што ја јадете.

Парче путер големо колку врвот на прстот има максимум 40 калории и тоа е сосема доволно за појадок, а ако на парчето леб намачкате полна лажичка путер, непотребно ќе внесете минимум 110 калории.

Мала лажичка масло има 45 калории, а голема 135 калории. Заради една лажица масло вишок на ден, во годината можете да се здебелите 6 килограми.

Во продолжение дознајте колкава количина од основните и популарни намирници смеете да консумирате во текот на еден ден.

На ист начин контролирајте ги и останатите намирници од иста група и запаметете дека во јадењето свежо овошје и зеленчук не постои ограничување.

  • Месо – отворена дланка
  • Риба – отворен дланка
  • Јаглехидрати (тестенини, компир, ориз, леб) – затворена дланка
  • Путер – врвот на прстот
  • Сирење – испружен показалец и среден прст
  • Мајонез, кечап и други индустриски сосови – врвот на два прсти
  • Чоколадо – три испружени прсти
  • Сладолед – затворена дланка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар