11-те најопасни професии во светот

11-те најопасни професии во светот

Ако барате работа полна со авантури и веќе ве привлекла некоја од листава, размислете повторно. Иако овие работни места звучат романтично, возбудливо и се добро платени, зборот „опасни“ ги опишува најдобро. Па погледнете некои од најопасните професии кои постојат денес.

1. Молзач на змии

(1)11-te-najopasni-profesii-vo-svetot-kafepauza.mk

Задачата на овие луѓе е да го „измолзат“ отровот од некои видови змии. Отровот на змиите може да се користи за многу работи, но најважна е неговата примена во медицината за создавање противотров. Иако има безбедносни мерки, секој процес на молзење е опасен. Навистина е низок бројот на луѓе кои ја работат оваа работа, а не биле каснати од змија.

2. Градежен работник

(2)11-te-najopasni-profesii-vo-svetot-kafepauza.mk

Иако се користи опрема за безбедност, оваа работа бара од вас да се занимавате со смртоносни алати и треба да разнесувате тешки материјали на огромни височини. Друга опасност во оваа професија е рушењето на челичните цевки или ѕидовите врз работниците.

3. Курир

(3)11-te-najopasni-profesii-vo-svetot-kafepauza.mk

Изненадувачки, но оваа професија е навистина опасна во некои држави. Замислете да им носите пица на група пијани луѓе или пак да ѝ однесете што било на личност која има лош темперамент. Куририте често се ограбувани, напаѓани или се жртви на некакво насилство.

4. Јавач на бикови

(4)11-te-najopasni-profesii-vo-svetot-kafepauza.mk

Оваа професија станала популарна во 90-тите бидејќи ветувала висока плата за јавање од 8 секунди. Во реалноста, таа плата не вреди за последиците. Некои статистики покажуваат дека еден јавач на бикови е опасно повреден на секои 15 јавања.

5. Планински водач

(5)11-te-najopasni-profesii-vo-svetot-kafepauza.mk

Освојувањето планински врвови било сон на многу луѓе, па се појавило ова работно место. Нивната задача не е само да водат, туку треба да носат тешка опрема, први да одат по некој опасен пат и да бидат одговорни за безбедноста на другите.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар