7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

Дури и откако слушнале неколку предупредувачки пораки, луѓето може да мислат дека никогаш нема да им се случи ништо сериозно, па поради тоа може да се најдат неподготвени во опасни ситуации. Опасните ситуации не се случуваат многу често, но, сепак, треба да научите како да реагирате за да имате големи шанси за преживување.

1. Како да преживеете во автомобил кој виси на карпа?

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Не правете никакви брзи движења, освен ако вашиот автомобил веќе не се тркала од карпата. Подобро е да земете длабок здив и да испланирате како да избегате.
  • Движете се полека за автомобилот да има рамнотежа. Ако има неколку луѓе во автомобилот, треба да избегате од спротивните страни.
  • Држете ја ногата на сопирачките. Во овој момент, вашите сопирачки се можеби единственото нешто што спречува автомобилот да падне надолу.

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Ако предниот дел од вашиот автомобил виси надолу, излезете преку задниот дел од автомобилот. Полека навалувајте го задниот дел од вашето седиште. Одржувајте рамнотежата. Потоа полека ползете за да стигнете до задното седиште. Отворете ја задната врата и избегајте.
  • Отворете ги сите прозорци на автомобилот за да имате повеќе излези, така што сите ќе може да избегаат истовремено.
  • Отклучете ги сите врати.
  • Ако имате мало дете во автомобилот, почекајте барем еден возрасен патник да излезе од автомобилот за да му го подадете детето.

2. Како да преживее пад во замрзната вода

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Кога сте во ладна вода, вашето тело може да падне во шок и поради тоа може дишете забрзано. Запомнете дека треба да ја избегнувате оваа реакција под вода. Шокот може да трае од 1 до 3 минути бидејќи вашето тело полека се навикнува на студот.
  • Држете ја главата над вода и колку што е можно поголем дел од телото надвор од водата. Потребни се 10 до 45 минути за да се изгуби свест во ладна вода.
  • Ослободете се од сите тешки предмети.

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Останете во хоризонтална положба додека се обидувате да излезете од дупката и да се оттурнете со нозете.
    Извадете колку што е можно повеќе од горниот дел од телото од водата. Фатете се на врвот на мразот користејќи ги подлактиците и лактите.
  • Откако горниот дел од телото ќе се најде на работ на мразот, почекајте неколку секунди. Оставете ја облеката малку да се исцеди. Тоа ќе ја намали вашата тежина и ќе го олесни излегувањето од водата.
  • Не лазете, туку превртете го телото преку мразот кога ќе бидете надвор од водата. Брзо испланирајте го патот назад до брегот или до вашето возило. Соблечете ја влажната облека.
  • Направете неколку склекови за да го подобрите протокот на крв.

3. Како да преживеете напад на волк

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Не трчајте бидејќи инстинктот на волкот може да ги поттикне да ве брка ако бегате.
  • Не воспоставувајте контакт со очите затоа што волкот може да го протолкува тоа како директен предизвик. Држете ја главата спуштена надолу.

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Ако волкот постојано се приближува, кренете ги рацете над главата и обидете се да изгледате доминантно. Започнете да плескате со рацете и да викате. Волкот можеби нема да се исплаши, но може да добиете дополнително време за бегство.
  • Како што волкот почнува да се приближува, полека повлечете се. Бидете смирени и одржувајте рамнотежа. Не вртете ја главата.
  • Качете се на дрво, но продолжете да гледате во волкот.
  • Бидете во завиткана положба ако ве нападне волкот.
    Фрлете камења или стапови во лицето на волкот. Тоа може да го натера волкот да си замине.
  • Застанете во круг ако сте повеќе луѓе за да ја следите ситуацијата од различни агли.

4. Како да преживеете лавина

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Избегнувајте скијање на места со силен ветер бидејќи тоа може да предизвика лавина.
  • Покријте ја устата за да спречите навлегување снег во неа. Ослободете се од тешката опрема, но чувајте го ранецот затоа што може да се користи како дополнителна заштита.
  • Обидете се да се фатите за големо и цврсто дрво.
  • Започнете со пливање за да бидете во близина на површината на снегот.

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Држете ја едната рака директно над главата кога ќе почувствувате дека паѓате надолу во снегот. Замавнете наоколу за да имате простор за дишење. Ова ќе ви помогне да сфатите каде е нагоре бидејќи лесно може да се дезориентирате откако ќе бидете под снегот.
  • Направете простор околу лицето. Откако ќе запре лавината, снегот ќе биде цврст како бетон, така што ви треба простор за да дишете најмалку 30 минути.
  • Прицврстете радар за лавина на себе пред да одите на скијање, така што спасувачката екипа може лесно да ве открие.

5. Како да преживеете ако се изгубите во шума

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Ако се изгубите во џунгла, користете ја техниката позната како S-T-O-P: застани, размисли, набљудувај и планирај (stop, think, observe and plan).
  • Обидете се да откриете од каде дојдовте.
  • Продолжете да одите во една постојана насока. Оставајте белешки каде одите и колку е часот.
  • Изградете засолниште ако сте изгубени подолго време. Пронајдете долга, прилично права гранка и потпрете го едниот крај на дрво. Потоа поставете пократки гранки по должината на долгата гранка под агол од 45 степени. Покријте сè со големи лисја.

6. Како да преживеете брза речна струја

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Пливајте дијагонално кон крајбрежјето. Не обидувајте се да пливате директно кон брегот. Ќе ви треба премногу енергија. Обидете се да пливате под агол од 45 степени.
  • Не обидувајте се да пливате во спротивна насока.
  • Лебдете на грб со нозете насочени во иста насока по течението на реката. Главата треба да биде поставена спротивно за да биде заштитена. Откако ќе стигнете до помирна област, превртете се и пливајте дијагонално кон брегот.

7. Како да преживеете напад на змија

7 работи што може да ви го спасат животот во итна ситуација

  • Стојте понастрана од плитките реки што ги сакаат змиите. Ако видите змија, не приближувајте се и гледајте дали ги следи вашите движења или дали ве следи.
  • Ако ве обвие змија, не издишувајте. Секој пат кога ќе издишете, змијата ќе ве стега уште посилно.
  • Фатете ја опашката на змијата и гризнете ја на крајот колку што можете посилно. Тоа ќе ѝ предизвика огромна болка и ќе ве пушти.
  • Удрете ја змијата со камен или со друг предмет. Ако не можете да го фатите крајот на опашката на змијата, најдоброто нешто што треба да го направите е да се борите со неа додека не ве ослободи. Тие не сакаат борба, но им треба лесна цел.

Погледнете ги овие 10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар