10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Примарните специјални оперативни сили на САД (за копно, за вода и за воздухопловство, познати како Navy SEAL) се физички и психички обучени толку строго што знаат како да останат живи по секоја цена. Тие се најдобри кога станува збор за избегнување на навистина тешки ситуации. Од нив и од нивното искуство можете да научите многу, особено кога станува збор за преживување во пустелија.

1. Ако сте во вода со врзани раце и нозе, отскокнете од дното за да се вратите на површината

10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Штом ќе излезете на површината, свиткајте ги колената, а потоа свиткајте го и грбот во форма на лак за да можете да дишете. Повторувајте ја постапката повеќепати.

2. Секогаш движете се надолу за да пронајдете чиста вода

10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Ако немате вода, секогаш движете се по удолници затоа што водата тече во таа насока. Ова ќе ви помогне да најдете чиста вода и да не дехидрирате.

3. Кога ќе ве фати паника, сконцентрирајте се на успехот и поставете си мали цели

10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Тоа ќе ве спречи премногу да размислувате и така ќе ги зголемите вашите шанси добро да се организирате и да преживеете.

4. Свиткајте го грбот во форма на лак ако сте покриени со кал или со каллива вода

10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Ако се најдете во ваква ситуација, мора да легнете и да го свиткате грбот надолу. Тоа ќе ви помогне побрзо да дојдете до воздух и ќе овозможи полесно да влезе воздухот во вашите бели дробови.

5. Ако сте изгубени, следете ги малите потоци и извори бидејќи тие можат да ве доведат до развиени области

10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Малите потоци на крајот ќе се спојат со поголемите реки. Овие реки треба да ве доведат до развиени области каде што ќе можете да најдете помош.

6. Никогаш не палете оган во пештера. Наместо тоа, запалете го надвор

10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Топлината од огнот предизвикува проширување на карпите и поради тоа не треба да палите оган во пештера. Проширувањето на карпите на крајот може да доведе до срушување. Ако сте во пештера и ви треба топлина, запалете го огнот надвор.

7. Ако рацете ви се врзани, користете ги забите и повлечете го јажето за да се ослободите

10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Потоа обидете се да ги триете зглобовите истовремено. Само немојте да го повлечете јажето или да ги триете зглобовите премногу силно затоа што така случајно би можеле да го затегнете.

8. Во случај на експлозија на бомба, легнете рамно на стомакот, покријте ја главата со прстите, прекрстете ги нозете и држете ја устата отворена

10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Лежењето на стомак со покриена глава и со прекрстени нозе ќе ве заштити. Отворете ја устата за да спречите белите дробови и ушните тапанчиња да експлодираат.

9. Секогаш носете кибритчиња во метална или во пластична кутија и покријте ги врвовите со восок

10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Кибритчињата ќе ви помогнат да запалите оган во која било ситуација. Секогаш треба да ги носите во метална или во пластична кутија за да бидат водоотпорни. Покријте ги врвовите од кибритчињата со восок за да ги направите водоотпорни. Тоа можете да го направите со натопување на врвовите во топол восок после што треба да почекате да се исушат.

10. Во случај на смрзнатини, стоплете ја областа со топла вода, а потоа нанесете завој и памук помеѓу сите замрзнати прсти

10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации

Ако имате смрзнатини, треба да се погрижите за нив што е можно поскоро. Никогаш не користете жешка вода затоа што така само ќе ги влошите работите. Загрејте ја областа со топла вода и нанесете завој на сите прсти. Потоа треба да ставите памук меѓу прстите за да ги спречите да се допираат. Исто така, никогаш не ги тријте смрзнатите делови.

Продолжете да читате. Погледнете ги и овие 11 совети што можат да ви го спасат животот во критични ситуации.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар