Како Близнаците можат да станат подобри партнери во врската?

Ако сте родени во знакот Близнаци тогаш вие за секого имате добар збор и насмевка, но како да станете подобар партнер во врската откријте во овој текст.

Како Близнаците можат да станат подобри партнери во врската?

Треба да бидете покомуникативни со вашиот партнер кога станува збор за задоволување на вашата жед за живот. Не можете да ги сочувате работите и понатаму да бидат интересни (без разлика дали во врската или надвор од неа) ако не почнете да ги изразувате вашите желби. Го отфрлате партнерот затоа што чувствувате дека тој го ограничува вашиот авантуристички дух. Но, мора да сфатите дека ако сте во врска тоа не значи дека не може да доживувате нови искуства. Сепак, вие самите сте одлучиле да се откажете од вашата слобода, а не вашиот партнер. Ако поразговарате со него ќе бидете изненадени од откритието дека тој всушност ќе ви дозволи да го задоволите вашиот авантуризам.

Да се биде во врска не значи дека треба да се откажете од вашиот социјален живот, за што го обвинувате партнерот. Вината е само ваша поради тоа што премногу се давате себеси. Имајте време и за излегување со вашите пријатели. Не ги запоставувајте вашите хобија, страсти и интереси зашто така ќе ви здосади врската и ќе сакате да заминете.

Не ја одрекувајте вашата фантазија за некој друг кој не е вашиот сакан. Вашите очи се секогаш широко отворени за новите нешта. Но, бидете внимателни затоа што така не го согледувате тоа што е пред вас. Обично не сфаќаме што сме имале додека не го загубиме. Ценете сè што партнерот ви нуди и прифатете дека сте среќни. Потсетете се зошто сте сакале да бидете со партнерот од првиот ден. Бидете му лојални со телото, умот и срцето.

Им го кажувате на другите само тоа што сакаат да го слушнат, за да избегнете конфронтации. Соочете се и со нештата дури и кога тоа не ви е во интерес.

Тешко го насочувате вашето внимание, па така понекогаш не можете да се фокусирате на вашиот партнер. Наместо тоа, секогаш нешто друго да ви е поинтересно. Поминувајте повеќе време со партнерот и бидете присутни во моментот.

Запаметете дека не се само вашите потреби важни. Вашиот партнер понекогаш се чувствува збунето и ограничено поради вашата непредвидливост. Вие го правите само тоа што го сакате, па заминувате и се враќате кога ќе посакате. Бидете постабилни иако тоа вам ви изгледа премногу обично.

Избувливи сте, па дури и насилни кога се чувствувате повредено. Викате, испраќате навредливи пораки, му спуштате слушалка на партнерот, фрлате предмети и кажувате работи што болат. И тоа само за да предизвикате драма. Бидете стрпливи. Дишете. Размислете пред да реагирате. Не бидете толку импулсивни и престанете да го тестирате партнерот преку навреди и сарказам.

Прочитајте ги и овие 25 факти што треба да ги знаете за Близнаците во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар