Брзо, лесно и креативно: Направете сами оригинална туника за на плажа
Кога ќе започне сезоната за летување и излежување на плажа, најмногу размислуваме за тоа каков костим за капење ќе понесеме, како и за туниките над него. Искрено, нив ги носиме само од местото на кои сме сметени до плажата, но зошто и тогаш да не изгледаме шик и модерно? Денес ви откриваме две едноставни идеи со кои од старите парчиња облека ќе направите практични и модерни туники за на плажа и тоа без шиење!

1. Туника од стара памучна блуза
Потребен материјал:
- Обична, бела блуза или пак во некоја омилена боја
- Ножици
- Маркер
- Самолепливи букви
- Пегла

Начин на изработка:
1. Исечете ги ракавите и јаката на блузата за да добиете полежерна варијанта.

2. По должина на страните направете засечоци со должина од 3-4 сантиметри за да формирате реси, а потоа врзете ги во јазол. Ќе добите засек од страните со кој ќе покажете малку кожа.

3. Доколку сакате, со помош на пеглата на блузата залепете ги самолепливите букви и напишете некоја кул фраза.

Тоа е тоа!

2. Туника од старо здолниште
Потребни материјали:
- Старо подолго здолниште
- Ножици
- Боја за ткаенина
- Четка

Начин на изработка:
1. Со помош на некоја ваша спортска блуза, исцртајте контури на здолништето кои ќе одговараат на вашите мерки.

2. Исечете го појасот на здолништето и исцртаните рамки и јака.

3. Рамките едноставно спојте ги така што ќе ги заврзете во јазол.

И тоа е тоа!






























