Живејте здраво, разбудете се порано!

Упорно се обидувате да станете од кревет порано, но ни родителите, ни ѕвонењето на мобилниот, ниту кој било аларм на светот не можат да ве разбудат. Еве каде грешите…
.

1. Легнете да спиете кога ќе почувствувате замор и будете се секој ден во исто време

Сигурно ви се случува да си легнете во кревет порано, надевајќи се дека ќе заспиете и ќе бидете доволно одморени за утрешните обврски. Но наместо тоа, останувате будни уште 2-3 часа, гледајќи некоја безначајна ТВ емисија или сурфајки на интернет. Ако пак се мачите да заспиете, најверојатно на крајот ќе бидете исфрустрирани зашто залудно сте потрошиле време во кревет, а не сте се одмориле.

Живејте здраво, разбудете се порано

Ако имате проблем со заспивањето, не грижете се, има решение и за тоа. И да останете будни до подоцните часови од ноќта, задолжително наместете го алармот порано од вообичаено. Утрото ќе се чувствувате поуморни, но вечерта ќе можете да заспиете малку порано. Затоа заспијте кога ќе почувствувате умор, а станувајте секое утро во исто време. На тој начин, ќе го регулирате ритамот на живот.

Живејте здраво, разбудете се порано

2. Сте слушнале ли за 90 минутното правило за спиење?

Сите сме слушнале дека спиењето по 8 часови дневно е идеално за одморање на човекот, но оваа теорија е спротивна на истражувањето кое вели дека луѓето се најдобро одморени, кога спијат во повеќекратни интервали од по 90 минути. Затоа, обидете се наместо по 8 часа, да спиете 5 интервали по 90 минути, што би биле 7, 5 часа. И да спиете точно 6 часа, би се чувствувале поодморено, отколку ако го нарушите 90 минутното правило.

Живејте здраво, разбудете се порано

3. Намалувајте ги часовите поминати во спиење, постепено.

Најверојатно мислите дека колку повеќе спиете, толку поодморени ќе бидете наредниот ден, но вистината е дека човекот може добро да функционира и со помалку од 8 часа сон, доколку создаде таква навика. Тоа не значи дека треба да се навикнете да го преживувате денот со помалку „гориво“, туку да се истренирате да спиете поквалитетно во определените часови. За да го направите овој процес безболен, намалувајте на неделно ниво по 20-30 минути од вашето спиење. На пример, наместо по 8 спијте во 7,5 часа во текот на една недела. Наредната недела спијте по 7 часа итн., додека не го постигнете посакуваниот ефект.

Живејте здраво, разбудете се порано

4. Смислете си добра причина за станување.

Ако немате некоја особена причина за станување порано, најверојатно нема да се разбудите до пладне. Затоа, решете дека утрото ќе одите на џогинг, ќе учите за испит, ќе работите на некој проект или ќе го исчистите домот. Верувајте, што и да изработите наутро, ќе биде покорисно отколку да го преспиете денот.

Живејте здраво, разбудете се порано

5. Дозволете им на сончевите зраци да влезат низ вашиот прозор

Ако спиете во темница, со спуштени ролетни или темни завеси, вашето тело реагира со лачење на хормонот за спиење наречен мелатонин, кој престанува да се лачи со изложување на очите на светлина. Затоа, кренете ги ролетните, наместете го алармот на најјак звук и ставете го на другиот крај од собата. Ако ви е алармот во близина, ќе си го одложувате ѕвонењето на 10 минути, па уште на 10 и додека се освестите, поминал час и половина, а вие доцните за на работа, училиште или факултет, а не сте ни одморени, благодарение на постојаното вклучување на алармот.

Живејте здраво, разбудете се порано

6. Напијте се 2 чаши вода пред спиење

Ако мачната потреба за уринирање наутро не ве разбуди, тогаш вие имате и некој многу поголем проблем од спиењето. 1-2 чаши пред спиење ќе ве кренат на нозе наутро, уште пред да го испиете кафето.

Живејте здраво, разбудете се порано

7. Вашиот метаболизам може да биде аларм

Можеби ќе ви звучи лудо, но ако се убедите себеси дека утредента ќе станете во точно определено време, тоа ќе се случи на природен начин, без звуците од алармот. Направете експеримент. Испланирајте да станете во 9 часот, а наместете го алармот во 9:15 за секој случај. Ќе се изненадите од фактот, дека без никаква помош, сте се разбудиле точно на време.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар