За што сè можете да го искористите шампонот за коса?

Освен што ја негува косата и ја прави чиста и мека, вашиот шампон може да направи чуда и во домаќинството. Ако ви има останато малку шампон или пак имате некој што не го користите, не фрлајте го туку искористете го на вистински начин.

za-shto-se-mozhete-da-go-iskoristite-shamponot-za-kosa-kafepauza.mk

1. Доколку имате проблем со патент кој заглавува, нанесете неколку капки шампон на него, па отворете и затворете го неколкупати. Вашиот проблем ќе биде решен за неколку минути.

2. Слично постапете ако имате проблем со вадење на ханзапласт. Нанесете неколку капки шампон на него, почекајте една минута и потоа ќе го извадите безболно.

3. Вратете го сјајот на кожните чевли. Ставете неколку капки шампон на памучна крпа, истријте ги, а потоа поминете ги со чистата страна, и тие ќе заблескаат како да се нови.

4. За рачно перење на чувствителните ткаенини наместо да купувате скапи детергенти, во водата ставете неколку капки шампон за коса.

5. Истото важи и за дамките на алиштата. Ставете неколку капки шампон на дамката, истријте и оставете нека постои. Потоа исперете на вообичаениот начин.

6. Употребете го шампонот како замена за пената за бричење. Шампонот има свиленкаста структура што помага бричот да се лизга подобро, многу е поблаг од сапунот и не ја суши кожата.

7. Избришете ја прашината од листовите на цвеќињата во вашиот дом. Направете мешавина од вода и неколку капки шампон, намокрете ја крпата па поминете ги листовите.

8. Исчистете ја четката за коса и четките за шминкање. Истријте ги со шампон, а потоа добро исплакнете. Шампонот одлично ги отстранува телесните масти.

9. Измешајте шампон и сода бикарбона за да добиете паста која ќе ви помогне да ги исчистите алуминиумските тркала на вашиот автомобил.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар