Вегетаријански рецепт за леб со коприва

Копривата е навистина лековито растение, а вкусот на овој леб ќе ве воодушеви. Лебот можете да го послужите со супа или со чорба за здрав ручек што ќе го исчисти вашиот организам и ќе помогне во отстранувањето на масните наслаги.

Вегански рецепт за леб со коприва

Потребни состојки:

  • 340 грама брашно од хељда
  • 340 грама овесно брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка хималајска сол
  • 3 лажички чиа семки
  • 100 милилитри маслиново масло
  • 240 милилитри јогурт
  • 1 шака свежа коприва
  • 1 лажичка сушен рузмарин

Начин на подготовка:

Измијте ја копривата и прелијте ја со 1 литар зовриена вода. Исцедете ја и оставете ја да се излади. Изладената коприва исечете ја ситно. Остатокот од водата искористете го за подготовка на „веганско јајце“ – измешајте 3 лажички чиа семки со 9 лажици вода. Мешајте привремено. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Измешајте ги сувите состојки во еден сад (брашно, прашок за печиво, сода бикарбона и хималајска сол), а мокрите состојки во друг (чиа семки, маслиново масло и јогурт). Во мокрите состојки додајте ја копривата и рузмаринот. Измешајте ги состојките од двата сада.

Обложете мала тава за печење со хартија за печење и со лажица нанесете ја смесата за лебот. Печете 50 до 60 минути, односно додека лебот не добие златна боја. Оставете го лебот да се излади и исечете го на тенки парчиња. Уживајте!

Пробајте го и овој неверојатен рецепт за пица во шолја за која ви се потребни 2 минути.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Jogurtot ne e za vo veganski recept

Остави коментар