Неверојатен рецепт: Пица во шолја готова за 2 минути!

Сѐ што ќе ви треба за да го подготвите ова гурманско задоволство е една шолја, лажичка и неколку состојки кои сигурни веќе ги имате дома. Самиот процес на мешање на состојките ќе ви одземе околу 1 минута, а исто толку трае и печењето. Знаеме дека звучи како бајка, но токму затоа ова е и најпопуларниот рецепт на Интернет во моментов.

Неверојатен рецепт: Пица во шолја готова за две минути!

Потребни состојки:
  • 4 лажички брашно
  • 1/4 лажичка прашок за печиво
  • прстофат сода бикарбона
  • 1/4 лажичка сол
  • 3 лажички млеко
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1 лажичка сос од домати
  • 1 преполна лажичка рендан кашкавал
  • 5 парчиња мини колбаси
  • 1/2 лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба)
Начин на подготовка:

Прво помешајте го брашното, прашокот за печиво, содата и солта, па додајте ги млекото и маслото. Потоа со виљушка убаво измешајте ги состојките за да добиете тесто. Врз тестото ставете сос од домати, кашкавал, колбаси (или кој било друг сувомеснат производ) и сипете ги сите зачини. Ставете го тоа во микробранова и оставете го да се пече минута и 10-20 секунди, или додека не забележите дека на површината се јавуваат оние прекрасни меурчиња.

Погледнете го следново видео за да видите како точно се прави овој специјалитет, а покрај него ќе имате можност да го видите и начинот на подготовка на чоколадни колачиња во чашка и уште многу други вкусни задоволства.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар