Стилот на Калиопи – израз на многу емоции

На што најпрво помислувате кога ќе слушнете Калиопи? Гламур, елеганција, женственост, но најважно од сè, вистинска дива во чии песни се исткаени многу емоции. Така е и со нејзиниот стил, можеме да ја видиме во долг свечен фустан, спортски и лежерно во фармерки, црни панталони, кожни јакни, дури и кошула со вратоврска. Некогаш ретро, некогаш модерно, некогаш женствено, некогаш храбро, но секогаш и во секоја прилика незаменливо. Со секој нејзин изглед, исто како и со секоја нејзина песна, искажува многу емоции.

Стилот на Калиопи - израз на многу емоции

Нејзиниот моќен глас направи да се наежи цела публика на Евросонгот минатата година, иако повеќето од нив воопшто не го ни разбираа текстот на песната. Тоа значи дека во секоја нота можете да почувствувате одредена емоција, љубов, загуба, болка, среќа, тага, непребол… Токму поради тоа одлучивме целокупниот стил на оваа незаменлива дива да го дефинираме како стил кој е израз на најдлабоки емоции. Неа ја обожуваат многумина, од 7 до 77 годишна возраст. Калиопи дефинитивно остава печат со своето постоење и се надеваме дека уште многу долго ќе ни пее песни кои се мелем за душа.

Стилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи – израз на многу емоцииСтилот на Калиопи - израз на многу емоцииСтилот на Калиопи - израз на многу емоции


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар