Сода бикарбоната помага при лекување уринарни инфекции

Сигурно барем еднаш во животот сте почувствувале пецкање при мокрењето или тежина и притисок во мочниот меур. Кога ќе се појават овие симптоми, најверојатно станува збор за уринарна инфекција. Тоа е многу честа тегоба која настанува кога микроорганизмите кои нормално живеат во урогениталниот тракт и цревата, доаѓаат во мочниот меур. Повеќе од 90% од сите уринарни инфекции се предизвикани од бактеријата Ешерихија коли, која природно се наоѓа во вашите црева.

Сода бикарбоната помага при лекување на уринарните инфекции

Уринарните инфекции почесто ги погодуваат жените, а за тоа постои и објаснување. Непосакуваните бактерии лесно влегуваат во женскиот мочен меур, поради пократкиот мочен канал. Инфекцијата најчесто се јавува кај девојките кои штотуку започнале со сексуални односи и кај жените во менопауза. Симптомите на уринарната инфекција се чувство на притисок во мочниот меур, пецкање при мокрење, заматена урина и крв во неа, покачена температура и болки во долниот дел на стомакот. Доколку ги имате овие симптоми, почнете што побрзо да ги лекувате, затоа што подолгото одложување може да доведе до тоа бактериите да влезат во бубрезите и да предизвикаат поголеми компликации. Сода бикарбоната е одличен лек со алкални својства, што значи ја неутрализира киселоста на урината, па на тој начин помага кај бактериските инфекции на уринарниот тракт.

Во 2,5 децилитри вода додајте 1 лажица сода бикарбона, па добро промешајте. Испијте една чаша, а најдобро е тоа да го направите утрото. Но, не користете ја во континуитет подолго од една недела. Нејзината примена не се препорачува на оние кои мораат да внимаваат на внесувањето на сол, затоа што сода бикарбоната содржи многу натриум.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар