Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови

Од насловни во списанија, па сè до познати кампањи и моден изглед на славните ѕвезди, овие експерти во областа на уметноста со нокти постојано поставуваат нови трендови. Па, доколку сакате да бидете во тек со она што е во мода, тогаш дефинитивно треба да ги следите профилите на Инстаграм на овие познати техничари за дизајн на нокти…

1. Адам Сли

(1) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови (2) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови (3) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови

Адам Сли редовно работи со ѕвездите како Рита Ора и ангелите од „Victoria’s Secret“. Доколку сакате да ја следите неговата неверојатна работа со ѕвездите од насловна, моделите како и одличната уметност на дизајни за ноктите на рацете и нозете, тогаш дефинитивно треба да го следите неговиот профил на Инстаграм.

2. Луси Такер

(4) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови (5) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови (6) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови

Таа работела со многу познати ѕвезди, меѓу кои и Лејди Гага и Шерил Фернандез-Версини. Нејзината работа редовно ја споделува на нејзиниот профил на Инстаграм каде што исто така објавува и експерименти кои ги прави на своите нокти, кои изгледаат како вистински уметнички дела.

3. Софи Робсон

(7) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови (8) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови (9) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови

Една од најпознатите уметници на нокти во Лондон е токму Софи Робсон која има нејзин сопствен бренд за самолепливи дизајни на нокти. За да бидете во тек со нејзините креативни идеи, кои секогаш се оригинални и возбудливи, следете го нејзиниот профил на Инстаграм.

4. Маријан Њуман

(10) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови (11) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови (12) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови

Кога станува збор за дизајн на нокти на модните писти, Маријан Њуман е првата на која ѝ се обраќаат за помош. Нејзиниот изглед за моделите како Карли Клос е иконски, па токму затоа и треба да ја следите на Инстаграм. Таа со нејзините неверојатни дизајни на нокти секојдневно ќе ве инспирира за нешто ново.

5. Џесика Хофман

(13) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови (14) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови (15) Следете ги овие 5 техничари за дизајн на нокти на Инстаграм доколку сакате да бидете во чекор со најновите трендови

Џесика Хофман работела со дел од најневеројатните брендови и славни личности како Кара Делвин и Џордан Дан. Таа редовно ја објавува својата работа на Инстаграм, која може да ви послужи како добар начин да се инспирирате кога размислувате за нов дизајн на вашите нокти.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Мех… колку подобри и покреативни профили (за нокти) има на Инстаграм, овие не се ништо посебно.

Остави коментар