Прасиња од тесто

Кифлички со одличен вкус, перфектни за детски прослави и родендени

Прасиња од тесто

Потребни состојки:
  • 400 мл млеко
  • 200 мл вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1,5 лажица сол
  • 1 квасец
  • 100 мл јогурт
  • 200 мл  загреано масло за јадење
  • 1,2 кг брашно
  • 1 прашок за печиво
Начин на подготовка:

1. Загрејте ги млекото и водата, па во нив додадете ги шеќерот, солта и квасецот. Убаво промешајте ги и оставете ги да отстојат 10 минути.

2. Потоа додадете го јогуртот и маслото за јадење. Во брашното измешајте го прашокот за печиво и пополека почнете да го додавате во целата смеса, притоа мешајќи дур не добиете тесто. Откако убаво ќе го замесите тестото оставете го да нарасне.

3. Тестото поделете го на поголеми крукчиња со иста големина и направите исто толку малечки крукчиња кои ќе послужат како носиња за прасињата.

Големите крукчиња замесете ги во дебелина на еден прст и на горната страна направете мали ушиња од тестото. Малите крукчиња додадете ги врз големите, а за очи ставете црн бибер или парчиња од црна маслинка. На малото крукче со стапче направете две подлабоки дупчиња за носот на прасето.

4. Наредете ги прасињата во тава, оставете ги уште малку да нараснат, намачкајте ги со жолчка од јајце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 Целзиусови степени. Оставете ги да се печат додека убаво не поруменат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар