Новогодишен маникир инспириран од капата на Дедо Мраз

Овој маникир совршено ќе ви прилега да си го направите за прославата на новогодишните празници. Со него ќе покажете дека сте вистинска баба мразица со весел дух. :)

Новогодишен маникир инспириран од капата на Дедо Мраз

Потребно ви е:
  • Селотејп и ножички
  • Алатки за цртање точки
  • Црвен, бел и провиден лак

Најпрвин залепете две вкрстени лентички селотејп на секој нокот, за да направте триаголник. На обележаниот дел од нокотот нанесете основен лак, а потоа и црвен. Почекајте 30 секунди да се засуши и одлепете го селотејпот. Со алатка за маникир за цртање големи точки, направете голема точка со бел лак на врвот од триаголникот, која го претставува топчето на капата. Со помала алатка за точкање, нацртајте два реда бели точки на дното од капата. На крај нанесете лак за финиш.

Совет: Доколку немате алатка за цртање точки, земете еден молив со гумичка и на неа збрцајте една шпенадла. Вака подготвената алатка ќе ја користите за цртање точки на ноктите.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар