Никогаш нема да имате среќна врска ако верувате во овие 12 митови

Никогаш нема да имате среќна врска ако верувате во овие 12 митови

Доколку имате некаков проблем во љубовната врска, сигурно досега сте добиле еден куп совети. Луѓето се однесуваат како експерти и сезнајковци кога станува збор за љубовта, а вистината е дека ретко кој одржува квалитетен однос со партнерот. Благодарение на овие „стручни“ совети, настануваат голем број митови поврзани кои не само што се погрешни, туку се и деструктивни. Тие се опасни, бидејќи можат да ги одведат паровите на погрешен пат и да ги убедат дека нивната врска е безнадежен случај. Ова се 12-те митови во кои треба да престанете да верувате за да ја сочувате врската…

Никогаш нема да имате среќна врска ако верувате во овие 12 митови

1. Бракот е само лист хартија

Вистината е дека постојат голем број психолошки и физички придобивки од стапувањето во брак. Според некои истражувања, во развиените земји најголемиот извор на здравје, богатство, долг животен век и среќни деца се здравите и успешни бракови.

2. Исто е дали ќе одберете да живеете сами и ќе имате повремени несериозни врски или ќе стапите во брак

Повторно, научно докажано е дека луѓето кои живеат сами умираат порано, имаат полошо здравје, помалку пари и побавно заздравуваат од болести за разлика од луѓето кои се венчани. Ова особено важи за мажите, бидејќи имаат помала поддршка од луѓето во нивниот живот. Кога мажите се во сериозна врска, тие го зголемуваат кругот на пријатели и полесно се зближуваат со луѓето.

3. Караниците се знак дека сте во лоша врска

Караниците се неизбежен дел од сите врски. Освен тоа, конфликтите постојат со причина. Нивната цел е да го подобрат вашето разбирање за партнерот. Конфликтите обично се јавуваат како последица од неуспешните обиди за комуникација, особено ако едниот партнер се обидува да се зближи со другиот на емоционално ниво. Караниците исто така се јавуваат кога кај партнерите постојат различни очекувања за кои вреди да се разговара.

4. Љубовта е доволна

Љубовта не е доволна, бидејќи во повеќето бракови, особено по доаѓањето на децата, партнерите забораваат на додворувањето, романтиката, сексот, забавата и авантурата во врската. Врските почнуваат да се вртат околу обврските што треба да се завршат, а разговорите се ограничени на поделбата на домашните задачи помеѓу партнерите. Мора свесно да се обидете да ја сочувате љубовта во врската и да ѝ обрнете повеќе внимание.

Никогаш нема да имате среќна врска ако верувате во овие 12 митови

5. Разговорите за емоционалните рани од минатото само ќе ги влошат работите

Писателот Вилијам Фокнер бил во право кога кажал: „Минатото никогаш не е мртво. Тоа дури не е ни минато.“ Сосема возможно е да ги излечите емоционалните повреди од минатото. Не можете да го промените вашето минато, но можете да го промените начинот на кој го доживувате и разговарате за него.

6. Најдобрите врски се оние во кои партнерите се независни и немаат потреба постојано да бидат заедно

Успешните врски се темелат на меѓузависност. Тоа е кога партнерите се обидуваат да си ги исполнат потребите еден на друг. Станува збор за двонасочна улица на давање и добивање каде што и двајцата партнери се рамноправни и еднакви.

7. Ако треба да работите на комуникацијата, тоа е сигурен знак дека не сте сродни души

Единствено нешто сигурно е тоа дека ако не работите на комуникацијата, врската ќе почне да се распаѓа со текот на времето. Мора постојано да вложувате труд за да успее врската. Тоа значи дека ќе треба да ја држите под контрола вашата дефанзивност и внимателно да го слушате партнерот.

8. Ако на врската ѝ треба терапија, тоа значи дека веќе е осудена на пропаст

Луѓето постојано се разведуваат, но само мал процент од нив разговарале со професионалец. Терапијата за парови е многу ефективна и многу до разведените парови можеби би успеале, доколку побарале стручна помош.

Никогаш нема да имате среќна врска ако верувате во овие 12 митови

9. Паровите најмногу се караат за секс, пари и роднини

Најчестата работа за која се караат паровите е ништо. Овие караниците се јавуваат како резултат од неуспешните обиди да се оствари емоционална конекција. Во овие моменти, важно е да се свртите еден кон друг, а не да почнете да бегате еден од друг.

10. Сите проблеми во врската можат да се решат

Ова е далеку од вистината. Околу 69% од проблемите во врската се постојани и се повторуваат, што значи дека треба да ги прифатите разликите што постојат меѓу вас. Разговарајте за овие повторливи проблеми за да не ја држите лутината и да не почнете меѓусебно да се презирате. Целта е да се справите со проблемот, а не да го решите.

11. Сите несогласувања во врската се исти

Понекогаш не може да се премине преку некои несогласувања и во вакви случаи многу е тешко да се постигне компромис. Важно е да знаете кои работи не можете да ги прифатите по ниту една цена во врската, како и од што сте подготвени да се откажете.

12. Успехот во врската зависи од тоа колку си одговарате

Разликите се оние што ја прават врската интересна. Не треба да го барате вашиот клон. Едно истражување докажало дека феромоните што најмногу нѐ привлекуваат доаѓаат од луѓе кои се генетески поразлични од нас. Кога зборуваме за компатибилност, мислиме на желбата за соработка и грижата помеѓу партнерите. Овие особини се највидливи кога ќе дојде до некаков конфликт и се отсликуваат преку речениците од типот „Имаш право“, „Интересно е твоето мислење, објасни ми подетално“, „Можеби си во прави дека грешам“ и слично.

Сега откако ги прочитавте најголемите митови што постојат за љубовните врски, време е да престанете да верувате во нив и да се обидете да дадете сѐ од себе за да ја одржите врската во живот. Не се откажувајте по првата пречка на патот, туку обидете се да ја совладате со заеднички сили, како вистински тим што не прифаќа ништо помалку од победа!

Во продолжение прочитајте ги и 3-те најголеми митови за романтичните врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар