Дали тој навистина е заљубен во вас или игра двојна игра, а вие сте му само резерва?

Ако се сомневате дека сте негова „резерва“, симнете ги розовите очила и јасно погледнете ја ситуацијата, а овие знаци покажуваат дека тој игра двојна игра.

1. „Јас“ и „Ти“ или „Ние“?

Кога сте со некого во среќна врска и тој навистина сака да биде со вас, вие сте му прв и единствен избор. Тоа е знак дека сака да бидете вклучени во сите негови активности и да бидете дел од неговиот живот. Имајќи го ова на ум, ако по одреден временски период тој не ве гледа како свој пар, би требало да ви се вклучи „црвената ламбичка“, бидејќи сѐ уште не го дефинирал вашиот однос или можеби не сака да го дефинира, бидејќи сте му само резерва. Ако се сомневате во тоа, најдобро е да се обидете отворено да разговарате со него.

2. Нема време за вас

Во ред, сите ние имаме свои обврски и не е крај на светот ако ви го откаже договорениот состанокот, бидејќи бил уморен или имал некоја друга работа. Меѓутоа, она што би требало да ве загрижи е ако тој има доволно време за сите останати, освен за вас. Ако сте му на последно место, свртете се и бегајте од него.

3. Не го интересира како го минувате денот

Кога некому му е грижа за вас, сака да знае како сте го поминале денот и го интересира секоја ситница во вашиот живот. Тоа е, меѓу останатото, и начин да ви покаже дека се интересира за вас и дека сака да биде дел од вашето секојдневие. Ако сето ова изостанува, големи се шансите дека вие сте само „резервен играч“ и поради тоа не се грижи толку околу вас.

Доколку ја препознавате вашата врска во овие 3 знаци, најверојатно не би било лошо да поразговарате со него за да ја расчистите ситуацијата. Ако навистина сте му само резерва, оставете го и дајте си себеси шанса да пронајдете некого кому ќе му бидете единствена, а не втора опција.

Прочитајте ги и овие сјајни лекции кои ќе ги научите после неуспешната врска со „кретен“!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар