Тест: Дали сте подготвени за брак или попрво би останале сингл?

Децата и семејството се последното нешто за што размислувате? Или пак, можеби не можете да ги извадите овие мисли од вашиот ум? Решете го овој тест и дознајте дали сте подготвени за брак или сепак во моментов повеќе ви одговара сингл животот, без разлика дали сте во врска или не.

1-test-dali-ste-za-brak-ili-podobro-bi-ostanale-sami-www.kafepauza.mk_

1. ТВ сапуници:

а) Никогаш не ги пропуштам

б) Ги гледа мојата баба, а јас ги гледам доколку сум заедно со неа

в) Ниту малку не ме привлекуваат

2. Веб-сајтови специјализирани за барање брачен партнер:

а) Ги обожавам

б) Чудни профили ме смеат, а често гледам и што има ново

в) Интернетот има предности и недостатоци, а ова е секако недостаток

3. Онлајн фотографии од венчавки или бебиња:

а) И јас би сакала исто

б) И мене ми е време, иако не би објавувал/а толку

в) Доста веќе со тие деца

4. Добронамерни роднини со фотографии од нивните венчавки:

а) Ве поцврвенуваат

б) Се вознемирувате

в) Само цинично се насмевнувате

5. Најдобар начин да се ослободите од партнер што ве присилува на брак:

а) Ако е перспективен/перспективна, го/ја сакам

б) Ќе му кажам дека сакам друг/а

в) Ќе избегам без објаснување

6. Идеално време за брак:

а) Колку побрзо, толку подобро

б) Помеѓу 20-30 години, и тоа само со љубовта на мојот живот

в) Не верувам во институцијата брак, а ако веќе морам, тоа ќе биде кога ќе бидам подготвен/а и зрел/а

7. Во популарната ТВ серија „Пријатели“ најмногу ви се допаѓаа:

а) Моника и Рос

б) Рејчел

в) Џои

2-test-dali-ste-za-brak-ili-podobro-bi-ostanale-sami-www.kafepauza.mk_

Решение:

  • Најмногу одговори под А

    Не само што сте подготвени, туку горите од желба што побрзо да го изговорите судбоносното „ДА“. Низ животот минувате по одамна зацртана линија, која е во согласност со она што се очекува од вас.
  • Најмногу одговори под Б

    Добро размислете кои се причините кои ве влечат кон брак. Запрашајте се дали за тоа се заслужни вашите родители, притисокот од околината или сте пронашле некого со кого би можеле да делите сѐ.
  • Најмногу одговори под В

    Бракот не е на вашата листа на приоритети. Без оглед на годините, вие се чувствувате младо и сакате уште да уживате во животот. Сепак, внимавајте да на останете сами.

Направете го и овој психолошки тест: Дали сте себични во љубовта и животот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар